Во најновата епизода на вечната шпанска серија наречена „разводот на Ким и Канје“, Канје Вест тврди дека обезбедувањето на Ким не го пушта во нејзината куќа, дури ни да се види со децата, затоа што Пит Дејвидсон (од СНЛ, и дечко на Ким) бил таму.
Во една од поопскурните случки изминативе месеци, Канје му се јавува на Трамп за да побара од американскиот претседател да се јави кај шведскиот колега и да ургира околу апсењето на американски рапер (A$ap Rocky) во Стокхолм. И Трамп стварно се јави кај шведскиот премиер и стварно проба да ургира - буквално понудил тој да му ја плати кауцијата на раперот.
Во еден од неговите Твитер перформанси Канје пишува дека периодов постојано го слуша Суфјан Стивенс, и како доказ за неверниците пушта и принтскрин од својот лаптоп. Како и многу досегашни паднати жртви, така и Канје премногу доцна сфаќа дека принтскринот пресликува буквално сè на твојот екран.
Канје Вест, човекот жанр сам по себе, одлучи својата болка за заминувањето на Боуви да ја искаже на најдобар можен начин на кој тоа го знае - да издаде албум со препеви на песните на Боуви. Илјадници луѓе од сите краеви на планетава се кренаа на нозе да го замолат Канје никогаш да не го направи ова.
Далечниот 1-ви јануари 2015-та светски познатиот рапер Канје Вест, ја објавува песната "Only One" на која соработува со Пол Макартни, од тогаш почнува спектакуларниот скок на кариерата на овој вториот. Барем така би изгледала историјата според фановите на Канје.
Том Круз партал го направија откако ја спореди тежината на својата работа со онаа на американските војници во Авганистан. Кога истото го изјави и Канје Вест, сите му преќутеа, толкувајќи го го тоа како еден од неговите бројни его излети. Сè додека еден полицаец од Охајо не седна и му напиша одговор.