„На почетокот на неделава, кога отидов да си ги земам децата од школо, обезбедувањето ме спречи кај портата. Значи во тој момент, беа меѓу мене и моите деца и не можев да го дозволам тоа,“ рече Вест. „Но, не сакав да се расправам. И така ги носев и ги враќав и еднаш кога ги враќав, Норт рече, сакам да дојдеш горе да видиш нешто. Ама не, тато не може да дојде да види нешто. Тато не смее да влезе.“
Канје се пожали и дека Дејвидсон бил цело време внатре, па пробал преку роднини да дојде до Ким и да ја вразуми.
„Слушам новиот дечко е во куќата каде што јас не смеам ни да влезам. И тогаш им се јавив на роднините. А тие се многу бучни, јасно ви е. И реков, морате да одите и да кажете две работи. Не смее да има обезбедување меѓу мене и моите деца и децата не смеат да бидат на ТикТок без моја дозвола.
Пејџ Сикс известува дека Кардашијан е разочарана и дека тврдењето е сосема нереално.
„Наместо да се појавува кога сака, ненајавен, таа од него побара подобра комуникација и договорени посети однапред за распоредот на децата да биде попредвидлив,“ вели еден извор. „Никогаш не се случило на Канје да не му се дозволи да ги види децата, никогаш! Наративот што пробува да го создаде е лажен и повредува за децата и нивниот со-родителски однос. Ништо не стои на патот меѓу него и неговите деца.“
Околу тврдењата дека „новиот дечко Пит бил во куќата, па затоа го избркале“, и тоа било лажно:
„Пит уште не е запознаен со децата на Ким и нашироко е познато дека кога е во ЛА, престојува во хотел во Беверли Хилс каде што и Ким ја забележуваат.“
Канје останува Канје.