Безготовинска Шведска побара од Швеѓани да прават резерви од кеш

Лагодноста на користење безготовински начини на плаќање од картици до телефони и што сè не, направи во Шведска да можеш да видиш банкнота само во музеј, и тоа веќе им станува проблем на ниво на национална безбедност.

Сега шведската Цивилна заштита почна да алармира дека граѓаните би можеле да останат без пара доколку се случи некој поголем сајбер напад на компјутерскиот систем што ја одржува финансиската мрежа на земјата, или доколку едноставно снема струја на подолго време.

Нивниот апел до сограѓаните е да почнат под душек да штекаат пари во мали деноминации.

Моментално се смета дека само 18% од сите плаќања во Шведска (продавница, автобус, такси, сметки, сè тоа) се во готовина.

Во 1661-ва, Шведска стана првата држава во Европа што почна да користи хартиени банкноти.

Минатата недела Централната банка побара да се спроведе истрага околу ризиците поврзани со претворање во безготовинско општество.

 

10 мај 2019 - 13:42