Шпанија е нов европски првак откако на вечерашното финале на ЕП 2018 во Хрватска ја совлада убедливо Шведска со 29:23.
Клучен човек за освојувањето на нивното прво европско злато беше Арпад Штербик кој влезе при крај на првиот дел и во вторите 30 минути блесна со 8 интервенции.
Шпанците имаа негатива на паузата (12-14), но во вториот дел одбраните на чуварот на голот на Вардар ги наградија со фантастична серија од 11:2 за целосен пресврт.
Шведска беше очајна во второ полувреме, имаше многу загубени топки и постигна само 9 голови, а прими 17.
Најпрецизни во таборот на шампионот беа Балагуер и Соле со по 5 погодоци, а Душебаев, Ентрериос и Арино постигнаа по 4.
Со овој триумф Шпанија обезбеди директно учество на Светското првенство во 2019 година во Данска и во Германија.
“We are the champions!” @RFEBalonmano claiming their #ehfeuro2018 trophy! 🥇 pic.twitter.com/l1Dpu5RhQn
— EHF Live (@EHF_Live) January 28, 2018
Во борбата за бронзениот медал, Франција ја совлада Данска со32:29.