По 17 дена ракомет, ЕХФ направи ретроспектива со најубави моменти кои го одбележаа Европското првенство во Хрватска. Во тие 90 секунди влегоа маестралниот погодок на Столе Стоилов без да гледа во голот на Германците, како и верните македонски навивачи.
Со 8 интервенции сите во вториот дел, Штербик е прогласен за најдобар играч на финалето на Европското првенство. Тој е единствениот ракометар кој ја освоил МВП наградата на едно финале на ЕП и СП. Кој би рекол дека овој човек има 38 години. Рипна од фотеља, и се приклучи на селекцијата на Шпанија пред три дена и ја крена ногата до небо.
По четири сребрени медали и две бронзи, двократниот светски првак за прв пат во својата историја освои Европско првенство. Херојот на Вардар, Арпад Штербик вечерва беше херој и за Црвената Фурија.
Македонските навивачи заслужуваат чиста 10-ка за навивањето и однесувањето на Европското првенство во Хрватска. Колку што знаеме не се скачкаа со никој. На мечот со Чешка еден од нивните навивачи се обиде да им го наруши мирот, но неговиот престој траеше едвај 3 секунди.
Иако покажаа две лица во првата и втората групна фаза, сепак мора да им се честита на нашите ракометари за борбеноста, желбата и потта која ја оставија на ова ЕП. Промашија зицер за победа против Германија, со Шпанија останаа без капитенот, а со Чешка загубија добиен натпревар. Но тоа е спортот. Главата горе момци. Заслужувате аплаузи.
Во последното коло од втората фаза, Македонија со убедлив пораз од Данска 31-20 го заврши Европското првенство. Данците убедливо први одат во полуфинале, Македонија доби достојни наследници на ветераните.
Од кројачи на сопствената судбина во рок од неполни два часа пак се сведовме на некои тешки математики кои не се неостварливи. Тоа е. Вреди да се проба.
Ја тепаа Словенија (трета на СП 2017), па Црна Гора и одиграа реми со Германија (Европски првак 2016). Потоа загубија два меча. Од каде толку гнев и небирање погрдни зборови против момците кои час ги сметате за херои, час за идиоти? Се прашува и еден поранешен фудбалски репрезентативец.
Како тргна оваа генерација од пред 9 години: Светско 2009, Европско 2012, Светско 2013, Европско 2014, Светско 2015, Европско 2016, Светско 2017, Европско 2018. Воопшто не им е лесно на момците да се потат секоја зима, а и на нас заедно со нив.
На сите тие нервози кои ги изедовме вчера против Чешка која ја водевме скоро цел меч, а на крај изгубивме, ептен корисен и конструктивен муабет се направи за мечот. “u selam do cuvat“ Што е тоа???
На 6 минути до крајот на мечот со Чешка рацете почнаа да ни се потат како во август, бидејќи Чешка за прв пат го израмни резултатот. Тогаш Манасков “полета“ во шесте метри и нè врати во предност, но на крај шутна пенал кој сакаме што побрзо да го заборавиме.
Македонската ракометна репрезентација испушти златна шанса да остане во игра за исторски пласман меѓу најдобрите четири селекции во Европа. Го имавме мечот в рака и на крај се доведовме во ситуација да шутираме пенал за реми во последна секунда, кој Дејан Манасков го промаши.
„Ил капитано“ за кој се молиме вечерва да го видиме на паркетот, одговара на блиц прашања за своите колеги и со тоа ни открива неколку нивни особини. Си кажа една и за себе.
Настапите на нашата ракометна селекција која секоја година е дел од големите натпреварување ги следат и старо и младо и машко и женско. Нашите јунаци кои денеска и утре ќе се обидат да извадат максимум од овој шампионат, се инспирација за малата Стефанија која им посвети стихови со поддршка.
Македонската ракометна репрезентација за која сè уште не се знае дали ќе игра Кире, вечерва игра многу важен натпревар против Чешка. Од срце им посакуваме ваков ужасен нишан.
Македонската ракометна репрезентација редовно во нешто се истакнува на големите натпреварувања. Овој пат го немаме Кире меѓу најдобрите стрелци, но имаме голман кој брани во топ форма.
И покрај тешкиот пораз од Шпанија, Македонија ги задржа шансите за тоа можеби преоптимистичко полуфинале за кое сите зборуваат, небаре борбата за петто место не е одличен успех.
Никола Митревски беше нашиот најдобар поединец на вечерашниот дебакл против Шпанија. Тој влезе во второ полувреме и успеа да стигне до фантастични 14 интервенции кои не беа доволни за барем да се намали победата на Црвената Фурија. Алекс Душебаев најмногу ја почувствува на своја кожа неговата одлична форма.
По три перфектни кола без пораз, македонската ракометна репрезентација ја започна втората групна фаза на најлош можен начин. Пораз од 11 голови разлика, оддалечување од сонот наречен полуфинале за кое сè уште имаме шанси и повреда на Кире Лазаров.
Без челична дисциплина за играчите, Шпанецот ја предизвика најголемата можна одговорност на момците каде и да се појави. Како што зборуваат во Вардар, ако Раул “завладее“ со соблекувалната на париските милионери, ниту Голден Стејт нема да може да ги спречи.