Кој сфатил што претставува насловот не треба да очекува величење во играта на сјајната Македонија под водство на Раул Гонзалес. Да се разбереме, првопласираната селекција во групата 2 во воведниот дел претставува вистинска зрела екипа во која секоја улога е адекватно поделена, секој е на вистинскиот инструмент, а пред нив местото го презема вистинскиот диригент ЕЛ КОМАНДАНТЕ, односно Раул Гонзалес. Тој е вистинскиот лик на приказнава.
Ќе додадам уште и дека покрај сериозната работа, сèприсутната извонредна логистичка структура во федерацијата, преставува темел за успесите на Македонија, која добива огромна љубов од нацијата која обожава ракомет. Секако дека сегашната ситуација е до некаде здрава и логична последица на успехот на Вардар во Келн, иако само Стојанче Стоилов е единствениот репрезентативец кој го вееше македонското знаме во Келн. И тука е нашиот главен лик, Командантот, кој даде уште поголем придонес.
За тие кои не знаеле, Раул Гонзалес како долгогодишен помошник на Талант Душебаев во славните денови на Сиудад Реал беше задолжен за тактика, а како што кажа Арпад Штербик, тие двајца беа тандем и тоа каков. Киргистанецот ентузијастички темпераментен, а Шпанецот шармантно смирен.
На крајот на минатата година бев во тимот кој имаше работна посета во РК Вардар во Скопје. Се разбира една од целта ми беше да направам интервју со Раул Гонзалес на кој една од врвните ставки во биографијата му е познавањето на македонскиот јазик. Секоја чест и за професорката Сања, која работеше со тренерот, бидејќи без продуктивна соработка можеби не би постоел вардаровиот успех. Дека тоа не е случајност ќе покаже времето, кога во еден момент тајм аутот на германски во Париз ќе биде заменет со француски јазик со шпанскиот акцент.
Во текот на неколку среќавања во 2017-та добив прилика да се уверам колку е господин и професионалец сењор Гонзалес. На ден на финалето на Ф4 во Келн – интервју без проблем во дворот од хотелот, без никако протокол. Неодамна во Скопје, сè што замисливме добивме од позитивно настроениот тренер кој е идол на своите играчи. Толку “полни усти“ на првакот на Европа со нивниот водач е последица на односот. Односот на Раул Гонзалес спрема ракометот. Тоа подразбира ракомет во разни облици, дози и рецепти.
Без челична дисциплина за играчите, Шпанецот ја предизвика најголемата можна одговорност на момците каде и да се појави. Е па господа, ако не судиме спрема резултатите, тогаш на основа на својот однос спрема ракометот, лидерот на Македонија и Вардар е најдобар тренерот во светот во овој момент.
Затоа овој напис е сервиран во вистинскиот момент, без разлика на учинокот на Македонија, а не смеам да замислам каква е иднината на клупскиот ракомет, бидејќи како што зборуваат во Вардар, ако Раул “завладее“ со соблекувалната на париските милионери, ниту Голден Стејт нема да може да ги спречи.
И за крај, дека има нешто (многу) и до тренерот, прашајте ги Германците ако не ми верувате мене. Се чини дека Дагуровата магија почнува да бледее.