Таг: еп 2018

Меѓу Чешка и Данска ќе нема време да се здивне

Првата позиција на табела на Македонија и донесе привилегија следниот меч да го игра дури во недела вечер и со тоа да одмори три дена во Вараждин, но потоа следува пеколно тежок распоред од кој нема бегање.

Кире: Столе има срце како планина, него сè му е дозволено

Македонската ракометна репрезентација е во друштво на четирите великани Франција, Шпанија и Шведска кои завршија лидери во своите групи, па не треба да не чуди што за успехот на нашите јунаци се интересираат и новинари од регионот.

Германциве се прави Македонци

Баталете го сега тоа вашето Дојчланд Дојлчанд, читајте тука што пишува и пејте по мене. Бидете среќни што не изгубивте, инаку и македонската химна ќе ја пеевте.

Една е мајка, Борко најдобро знае

Откако со 12 одбрани беше најзаслужен што Македонија ремизираше со европскиот шампион Германија, Борко Ристовски го прими големото признание и веднаш отиде да ја прегрне мајка му која го бодреше од првите редови.

Судискиот превид - фаулот над Миркуловски за исклучување

По секоја логика фаулот на Германецот Јаник Колбахер на минута и нешто пред крајот беше за најмалку 2-минутна суспензија, но судиите не досудија ништо.

Ечи Бисер балкански од соблекувална

После победа против Словенија (трети на СП 2017), па Црна Гора и на крај реми со Германија (европски првак во 2016-та), ништо помалку не треба да изгледа славеничката атмосфера на нашите јунаци кои прават партали во Загреб.

Најубавиот гол на првенството е дело на Столе

Ај што се носевме рамо до рамо со големата Германија цел меч, а на моменти бевме подобри и ги водевме, туку и си игравме со нив со атракции. Прво со двоен цепелин, а потоа и со ремек делото на Столе кој потсети на еден гол на Индира Кастратовиќ

Последниот тајм аут на Македонија е врхунски

Во драматичен натпревар до даска на кој имаме последен напад да го урнеме актуелниот европски првак, Кире предлага да финишираат со цепелин. Раул одма го пресече и му вели: Знаат сите, а потоа Столе царот го прави најјакиот можен муабет.

Страшниот двоен цепелин на Лазаров и Георгиевски

Македонија предводена од Ел Команданте Раул игра врвен атомски ракомет и со големи три бода оди во следната фаза. Вечерва и актуелниот европски шампион Германија на своја кожа го почуствува нашиот најдобар рецепт.

Јуначка игра за реми на Македонија со европскиот шампион

Во последното коло од групата Ц, нашите најдобри ракометари ремизираа 25-25 (11-12) со актуелниот европски првак Германија и со три бода одат во следната фаза.

За Словенците Начевски е крив што лошо им судат

Словенечките медиуми не можат да се помират со некои спорни судиски одлуки на нивна штета. Целата јавност од оваа земја гласно бара од своите репрезентативци денес да се појават на паркетот со Црна Гора ама да бидат статисти и така да заврши целата лакрдија. Словенечкиот портал Ekipa24.si оди до таму што во архивата ископале видео на кое Вујовиќ како тренер на Вардар се степа со судијата Ѓорѓи Начевски за време на едно дерби со Металург во Скопје. Според нив, наводно сега татко му на Ѓорѓи, Драган, којшто ги делегира судиите му враќа вака на Вујо.

Сите меѓусебни дуели меѓу Македонија и Германија

Тешко е да се игра ракомет против Германците. Некој ќе каже поради наклонетост на судиите, но не може да се игнорира фактот дека се меѓу водечките ракометни земји во светот, против која немаме ниту една победа. 

Македонските навивачи низ објективот на ЕХФ

Ако си македонски навивач, ова видео ќе ти биде едно од најубавите ствари што ќе ги видиш во текот на денот, напиша ЕХФ на својот Јутјуб канал.

Што ја чека Македонија понатаму на Европското?

Од утрешниот меч против Германија (18:15) зависат неколку сценарија и насоки по кои ќе одат нашите најдобри ракометари. Во втората фаза нè очекуваат мега дуели против Шпанија, Данска и евентуално Чешка/Унгарија.

Словенија размислува предвреме да го напушти Европското

Словенечката јавност веќе неколку дена не може да се помири со судиските одлуки за кои смета дека ја „осакатиле“ нивната репрезентација. Од тамошниот сојуз најавуваат заминување од Хрватска.

Битолчани на триумфален начин се движеа низ улиците во Загреб

Во стилот на нашите спортисти кои до сега имаат поминато низ триумфална, навивачи од Битола кои ја бодрат македонската репрезентација на ЕП, изнајмиле двокатен автобус во Загреб и со него пристигнале пред арената за мечот против Црна Гора.

Што се случуваше во хаотичниот финиш меѓу Словенија и Германија

Додека со нетрпение одбројувавме во минути да стартува втората битка на Македонија на ЕП, на другиот дуел од кој не засегаше резултатот, се играше “трето полувреме“ на кое Вујо се претвори во голман. Ситуацијата е навидум расчистена, иако во ЕХФ фрчат жалби.

Поздрав од соблекувалната на јунаците

Поубав старт Македонија не можеше да посака на ова Европско првенство. За прв пат во историјата почнуваме со две од две, многу тешки, ама слатки победи кои нè исфрлаат на лидерската позиција и ни даваат за право да се надеваме на чудо против Германија. За традиционалното славеничко селфи се погрижи најдобриот играч на мечот, Филип Кузмановски. Браво дете.

Клучната одбрана на министерот

По бледното издание против Словенија, Борко Ристоски одигра нешто подобар натпревар против Црна Гора, а најважната одбрана на мечот ја имаше во последната минута од средбата. Чуварот на мрежата на Барселона им скроти цепелин на Црногорците и со тоа стави точка на мечот.

Нова драма, нова победа на Македонија за втора рунда во Вараждин

Македонската ракометна репрезентација ни приреди уште едно драматично издание кое за среќа заврши во наша полза. Црна Гора не е трета селекција во свет, но го направи пеколно тежок и неизвесен мечот цели 60 минути.