Откако жалбата на Словенечката ракометна федерација на судењето и неколкуте спорни моменти беше експресно одбиена од ЕХФ, „Змајчеки“ тврдат дека ништо чудно предвреме да си отидат дома без да ја доиграат групната фаза. Во меѓувреме во Хрватска пристигнал и словенечкиот премиер Борут Пахор да им пружи поддршка на бронзените момци од Светското лани.
„По тоа што синоќа ни се случи, водството на ракометниот сојуз свесно размислува протестно да го напушти Европското првенство по цена на сите негативни последици кои таквата одлука би ги донела“, изјавил во Загреб генералниот секретар на RZS, Горан Цвијиќ на прес-конференција.
Конечната одлука би требало да ја донесе Ракометниот сојуз на Словенија на чело со претседателот Фрањо Бобинц. Словенците сметаат дека судиските грешки на нивна сметка драстично ги оштетиле.
За дуелот со Македонија кој нашите го добија 25:24 и по средбата со Германија (25:25 во последна секунда) кога судиите од Литванија одлучија да го применат правилото донесено во 2015-та, Словенија остана со само еден бод од два меча.
Бесен е и директорот на репрезентацијата Урош Мохориќ:
„Ракометниот сојуз на Словенија приложи жалба во 9 часот утринава и во прилог достави аругменти за кршење на правилата по две точки. Блаж Благотиншк беше санкциониран, а за тоа ни досудија пенал. Тоа не е во склад со правилата како што е наведено, зошто во таква ситуација играчот треба да добие двеминутно исклучување. Нивната дисциплинска комисија има време до 12 часот да ни одговори на втората жалба а ние имаме рок до осум вечер да приложиме се што е потребно“, изјавил Мохориќ.
Flash news: The EHF Commision has rejected the protest filed by the Slovenian Handball Federation. The result of the match is confirmed: 25:25 #ehfeuro2018
— EHF EURO (@EHFEURO) January 16, 2018
По две одиграни кола во групата Ц лидер е Македонија со 4 бода (гол разлика 54:52). Германија е втора со 3 бода (1 реми и победа, гол разлика 57:44). Словенците се трети со еден бод (49:50) а Црна Гора е последна без бодови (47:61).
Во последното коло Македонија игра против Германија во четврток утре 18:15 а Црна Гора и Словенија играат од 20:30. Во следната фаза одат по три репрезентации од секоја група.