Германија е трикратен светски (1938, 1978, 2007), двократен европски (2004, 2016) и олимписки шампион (1936) во ракомет, па од таму не треба да нè чуди фактот што според кладилниците тие се меѓу најсериозните четири кандидати за медал на ова Европско првенство.
Македонската ракометна репрезентација има нетагивен скор од 4 порази на 4 дуели со нив, три од нив на Светските и еден на Европските првенства.
Првото нивно соочување се случи на дебитанскиот Мундијал за нашите ракометари во Египет 1999-та. Германија нè збриша во првата групна фаза, а тоа им го стори и на останатите четири противници. Стигна до четвртфинале и таму загуби од Југославија со еден гол разлика.
Десет години подоцна, второ соочување и повторно на СП, овој пат во Хрватска каде го остваривме историското 11-то место. Кире Лазаров им испука 9 проектили, но немилосрдните Германци нè треснаа со 10 голови разлика, исто така во првата групна фаза.
Третата битка падна на ЕП 2012 во Србија каде завршивме петти. Таму беше тесно и неизвесно до самиот крај, а богами и неправедно. Избраниците на Шундовски во фазата по групи ја совладаа Чешка, ремизираа со Шведска, а ако имаше судиска правда, ќе им скинеа бод и на моќните Германците.
На 12 секунди до крајот Кире го израмни резултатот на 24:24, но судиите не го признаа голот.
А убаво се гледа и тоа пред очиte на судијата дека топката ја минала гол линијата
На СП Шпанија 2013, Македонија стигна до осминафинале, а таму повторно стариот добар познаник кој славеше со 28:23.
Во петтото соочување, време е за одмазда и 3 од 3 за нашите, што се разбира би претставувало големо изненадување на шампионатот.