Нашиот капитен зборува за специјализираниот портал за ракомет balkan-handball. Ја фали тактиката на Раул, помошта на младите, а посебно го истакнува срцето на Столе Стоилов и вели дека на секој може да му се случи да промаши во таков клучен момент.
Македонците се на седмо небо. Кире Лазаров ги носи во Вараждин, а впечатокот е дека по три натпревари, конечно “измислиле“ некои други сили и не зависат толку од неговите десетина голови по натпревар.
- Добивме нови играчи, Поповски, Пешевски, Борко бранеше добро...Сега скромно се селиме во Вараждин со двете нозе на под.
Треба да се додадат Кузмановски, потоа совршениот Талески против Германија, а вреди да се забележи дека беа подобри од европскиот првак во првите 25 минути, иако без Миркуловски.
- Промашивме многу во првиот дел, требаше да водиме на полувреме.
Беше занимливо да се слушне неговиот коментар во завршницата од мечот.
- Не ми е жал за последниот напад, јас за Столе сум спремен да направам сè во животот. Тој е човек со најголемо срце во репрезентацијата и него сè му е дозволено.
Особено пријателството без граници.
- Голема поддршка сме за Столе, тоа може да му се случи на секој. Тој е наш најголем борец, има срце како планина и ќе биде наш најдобар играч во Вараждин.
Уште нешто за натпреварот?
- Одигравме машки, мудро против европскиот шампион и навистина велемајсторски.
Фамозната тактика 7 на 6?
- Така го игравме цело СП лани, имаме искуство. Раул е паметен и интелигентен човек, знае што треба да се присвои и тоа беше вистинска тактика. Ја спремавме за ова првенство.