Таг: еп 2018

Газеме до крај

Без разлика што е прерано да се каже и е многу тешко да се стигне до место меѓу великаните, такви сме ние Македонците. Кај што одиме правиме инвазија низ град, делкаме пивце, се веселиме на наша музика и по прва победа одиме амбициозно до медал. Барем во анкетите каде секогаш се наоѓа по некој цар.

За Ацо Јоновски и неговата невиност

Го викаат шибер и ќе фали многу во одбрана кога ќе реши да крене рачна. Инаку тој секогаш ги крева рацете за да покаже дека не е крив, без разлика што има соборено сè живо што се обидело да и даде гол на Македонија. Ацо е ѕвер, тоа го знаат и од ЕХФ кои направиле мајтап со него.

Не е важно колку пати си паднал, туку колку пати си се вратил

Македонија повторно гори, а одговорноста ја презеде познатиот пироман под името Раул Гонзалес.

Фото на првото коло

Најдобрите македонски ракометари остварија важен триумф на стартот од Европското во Хрватска, а еден од најзаслужните беше Столе Стоилов кој претрпе многу ќотек. А богами и даде.

Македонија слави голема победа над Словенија!

Во рамките на првиот меч на нашата репрезентација на 13. Европско првенство, Македонија со 25-24 ја совлада третата селекција од последното Светско првенство во Франција.

Темелковски: Можеме сите да ги победиме, но можеме и од сите да загубиме

Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Еурофарм Работник, Илија Темелковски со кој го освоивме 11-то место на Мундијалот во Хрватска и спортскиот директор на Металург, Ванчо Димовски, кој тогаш настапи како играч, го прогнозираат пласманот на Македонија на Европското првенство на кое стартуваме вечерва.

На кое место светските кладилници ја сместија Македонија

Со влог од 100 денари дека ќе бидеме шампиони, може да земете 25.000 денари, ама бидејќи Македонија не е Вардар, реалната слика е следна.

Раул Гонзалес пречекан во Загреб со видео од голот на Чупиќ

Селекторот на македонската ракометна репрезентација е фаца број 1 во Хрватска. Само што слета со ракометарите во Загреб го седнаа на отвореното студио на ЕХФ кое оди во живо на Фејсбук. Гонзалес доби прашања и за Македонија поврзани со Европското во Хрватска и за европската титула со Вардар.

Момците на Раул ја анализираат Словенија уште на аеродром

Македонската ракометна репрезентација во сабота со почеток од 19:30, го стартува новиот предизвик наречен Европско првенство. Иако до мечот има нешто повеќе од 48 часа, нашите репрезентативци се веќе синхронизирани уште пред да се појават на паркетот.

Можно ли е чудо на ракометното ЕП со најдобриот тренер во светот?

Кога елитните ракометни собири ни се во близина, речиси секогаш постигнуваме добри резултати. СП 2009 во Хрватска беше наше лансирање меѓу првите 11 на светот, а петтото место од ЕП 2012 во Србија сѐ уште е нашето најголемо достигнување. Што нè очекува на претстојното ЕП во Хрватска, можно ли е да стигнеме до медал?