Момците на Раул ја анализираат Словенија уште на аеродром

Македонската ракометна репрезентација во сабота со почеток од 19:30, го стартува новиот предизвик наречен Европско првенство. Иако до мечот има нешто повеќе од 48 часа, нашите репрезентативци се веќе синхронизирани уште пред да се појават на паркетот.

Инаку во Загреб денеска слетаа:

Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Гоце Ојлески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Аце Јоновски и Велко Марковски.

11 јануари 2018 - 13:40