По 10 поминати дена на Европското ракометно првенство во Хрватска голман број 1 според статистиката на одбранети удари е Никола Митревски.
Тој не се изнаигра до сега на шампионатот, ама се изнабрани, па така од вкупно 66 удари кои биле упатени додека стоел на стативите, фатил 28 топки.
Тоа е процент на успешност од 42% и тоа повеќе од еден Винсен Жерар кој има 41%. Французинот до сега има вкупно 51 одбрана, ама од 124 удари.
Битолчанецот синоќа против Шпанија го бранеше цело второ полувреме и успеа да стигне до фантастична бројка од 14 интервенции.
На листата на стрелци за сега најуспешен во нашиот табор е Дејан Манасков со 21 гол од 32 обиди, а на врвот е Кристијан Бјорнсен од Норвешка.
Митревски очигледно треба да добива поголема минутажа на ова Европско. ЕХФ синоќа го издвои ова од него.