Главна причина е распоредот. Сега има три дена за рекуперација од три исцрпувачки утакмици. После Шпанија два дена одмор па Чешка која мораме да ја победиме и на крај без одмор наредниот ден на Данска.
Ние реално не сме екипа која има физички капацитет за две рововски битки во два дена. Ако не ја победиме Шпанија, а се потрошиме против Чешка песимист сум дека можеме да корегираме без одмор против Данска.
Затоа со цела артилерија и со вадење ножеви од шорц против Шпанците и Чесите, до смрт, за после против Данска и нека идат у вода бодовите.
Демек ако играме веќе полуфинале ќе ни биде битно против кого. Али ако ја победиме (нерешено) Шпанија ќе почнам искрено и јас да верувам во тоа полуфинале.
Искрено штета што ова не се дешава една година покасно на СП заради Олимпискиот Циклус...
Таки Бошкоски