„Om krisen eller kriget kommer“ (Во случај на криза или војна) објаснува како луѓето можат да обезбедат основни потреби како храна, вода или греење, што значат предупредувачките сигнали, каде да најдат скривници и како да помогнат во одбраната на Шведска.
Памфлетот од 20 страни, со текст и илустрации, освен класична војна, предвидува и опасности како сајбер или терористички напади, како и климатски промени. Меѓу содржината има една страна посветена на идентификување лажни вести.
„Иако Шведска е побезбедна од многу други држави, сепак има закани по нашата безбедност и независност.
Ако вие сте обучени, ќе можете да придонесете кон подобрување на способноста на земјата да се справи со ваков сериозен проблем,“ пишува во памфлетот.
Слични материјали прв пат се дистрибуираат во неутрална Шведска во 1943, додека низ остатокот од планетата Втората светска војна е во најголем ек. Редовни апдејти на овие материјали државата дистрибуира се до 1961.
Периодов во Шведска се поактивна е дебатата околу приклучување на НАТО (не им бараат ништо да сменат, само они не сакаат да припарат кон Алијансата) инспирирана од анектирањето на Крим од страна на Русија, и неодамнешните упади во шведскиот воздушен простор и територијални води.
Во памфлетот се бара од секој жител на возраст меѓу 16 и 70 години да помогне во случај на закана од војна или војна.
Шведска повеќе од 200 години не била во војна со друга држава.
Прирачникот има и англиска верзија.