Улф Кристерсон, првиот човек на централно-десната Умерена партија, предупредува дека Швеѓаните ја изгубиле довербата во системот и дека државата ја плаќа цената на 20 години на „многу неуспешни политики на интеграција“, и од леви и од десни партии.
„Постои криза во способноста на политиките да ги решат проблемите. Дали политиката е способна да заврши каква било работа?“ изјавува Кристерсон во интервјуто за Фајненшл тајмс.
Додека ние тука живот живееме, неколку градови низ Шведска почнуваат да наликуваат на воен фронт, па така во Гетеборг само минатата недела беа опожарени околу 100 автомобили од банди маскирани млади кои користеа Молотови коктели. Освен ова градови како Стокхолм, Малме и Гетеборг, се сардисани од престрелки, напади со бомби и претходно споменатите потпалувања на возила.
Ваквиот пресврт на терен го наметна решавањето на насилствата, плус имиграција, закон и ред, како главни приоритети на изборите во земјата, сериозно потиснувајќи теми како економија.
Паниката на Кристерсон е дека сега е многу посериозно од финансиската криза во 1990-те, бидејќи овој пат проблемот не може да се реши со фрлање на повеќе пари, туку треба конкретни мерки.
Меѓу „мерки“ Кристерсон предлага подолги затворски казни за припадниците на банди, и зголемување на бројот на полицајци во земјата, отприлика дополнителни 10.000 до 2024.