По Давид Жинола, Жером Шампањ, Михаел Ван Праг, Харолд Мајн-Николс и Принцот Ал Бин Хусеин, сега и поранешниот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид ја објави својата кандидатура да го смени Сеп Блатер.
Постојат прашања со кои светските медиуми се опседнати уште од кога се дозна дека Катар ги има сите права за организација на фудбалскиот Мундијал во 2022. година. Дали ја купиле организацијата и ФИФА е потполно корумпирана и дали фудбалерите ќе поцркаат од топлина во Катар?
Светската куќа на фудбалот поднесе кривична пријава против непознати сторители од својата организација кои се осомничени дека ја злоупотребиле функцијата при доделувањето на организација за Светските првенства во Русија и Катар.
Адвокатот Мајкл Гарсија напиша извештај на 430 страни во кој се открива корупцијата на ФИФА во врска со доделувањето домаќинство на СП 2018 и 2022. ФИФА не го објави во целост извештајот, по што УЕФА се закани дека ќе ја напушти светската фудбалска организација.
Светското фудбалско првенство во Катар се игра за 8 години, а уште сега почнаа дебатите како ќе се играло на 50 степени. ФИФА и УЕФА имаат спротивни ставови, а сега и клупската организација нуди решение за горештините.
Поранешниот член на извршниот комитет на ФИФА и десна рака на Блатер, Мајкл Хершман вели дека оставката на првиот човек на оваа организација ќе значи и нов почеток за светската фудбалска унија.
Од 1998-ма Блатер е претседател на ФИФА. Во овој период се случија дузина сериозни скандали во кои основното беше дека некој му дал пари на некој од ФИФА. Блатер не беше директно обвинет во ниту еден случај. Меѓутоа не ни направи нешто за да казни некој од тие што беа обвинети.
Најконтроверзниот Мундијал за кој се постојано се зборува за проблеми од организациски аспект, сега не го признава ниту човекот кој најмногу се бореше да се одржи.
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини вели дека е единствениот кандидат кој може да освои повеќе гласови од Сеп Блатер ако тие двајца се вкрстат во борбата за претседателската фотелја во ФИФА.
Откако се потврди дека Мудијалот во 2022-ра ќе мора да биде преместен, кладилниците нагло ги намалија коефициентите за кладбата дека Блатер ќе ја напушти ФИФА до крајот на годината.
Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер беше гостин на универзитетот Оксфорд каде говореше на разни фудбалски теми и малку „одлепи“. Меси го прекрсти во Леонард и тоа два пати, Златан во Ибрамовиќ, а на крајот го имитираше Кристијано Роналдо.
Во минатото беше познат како одличен напаѓач, а сега опасно напаѓа и надвор од терените. Бразилецот Ромарио кој сега плива во политички води, ги критикуваше челниците на ФИФА.
Фудбалот стана глобален бизнис и тоа ни е веќе јасно со години наназад, а зад него се кријат големи моќници кои носат клучни одлуки во овој спорт, други вртат милиони евра од трансфери или тв права, а некои се дел од играта која за брзо време ги збогатува.
Лето или зима е главната тема поврзана со Светското фудбалско првенство во 2022 година. Откако првиот човек на ФИФА Сеп Блатер конечно призна дека најголемиот фудбалски настан најпаметно е да се одигра во зимскиот период, првите критики стигнаа од Англичаните.
Иако до тогаш треба да се организираат уште две светски првенства во Бразил и Русија, темата за тоа како ќе се игра фудбал во пеколните лета на 50 степени во Катар 2022 година не стивнува.
Додека Бразилците беснеат по улиците, првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер прави сублимат од двонеделниот фудбалски турнир, а истовремено се обидува да ги привлече повеќе да мислат на фудбалот нудејќи им најевтини влезници за Мундијалот.
Контроверзниот газда на италијанскиот фудбалски клуб Палермо, Маурицио Ѕампарини повторно сака да биде во центарот на вниманието па реши да ги критикува Сеп Блатер и Мишел Платини.
Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер призна дека за одлуката за доделувањето на правото за организација на Светското првенство во 2022-та година не биле земени во предвид само фудбалските, туку и политички интереси.