Блатер предупреди дека на швајцарскиот фудбал му се заканува пропаст, ако гласачите во оваа земја во ноември го изгласаат новиот закон за лимитирање на платите.
Гласачите од Швајцарија на 24 ноември ќе излезат на референдум да се произнесат за иницијативата "1:12" според која нависоката плата во една компанија не смее да биде поголема за 12 пати од најниско платениот работник.
Сеп Блатер е Швајцарец, па овој закон ќе му влијае и на неговата плата, па тој индиректно преку швајцарскиот фудбал се обиде да го критикува лимитирањето на платите.
„Швајцарскиот фудбал ќе има голем проблем на трансфер пазарот. Кој би сакал да игра тука? Тоа ќе биде смрт за фудбалот", изјави Блатер.