Сеп ФИФА Блатер

Од 1998-ма Блатер е претседател на ФИФА. Во овој период се случија дузина сериозни скандали во кои основното беше дека некој му дал пари на некој од ФИФА. Блатер не беше директно обвинет во ниту еден случај. Меѓутоа не ни направи нешто за да казни некој од тие што беа обвинети.

Меѓу аферите кои не го помрднаа Блатер од позицијата се: неодамнешното откритие дека Катар потплатил членови на бордот на ФИФА за гласањето на домаќин на СП 2022-ра (Слични сомнежи има и за Русија 2018-та), оставката на потпретседателот на ФИФА Џек Ворнер заради обвиненија за крадење на фондови на ФИФА, како и обвиненијата за местење пријателски натпревари пред СП 2010.

Самиот Блатер успеа да ја натера ФИФА да го одбие барањето за воведување ограничување по старост и број на мандати на претседателот на организацијата. Блатер има 78 години и во 2015-та ќе се кандидира за 5-ти мандат.

Неговиот главен против кандидат е Мишел Платини, за кого многумина стравуваат дека е само помлада верзија на Блатер, и кој беше еден од членовите на ФИФА кои гласаа за одржување на Мундијал во Катар.

Самата ФИФА успева да постигне перфектна околина за работа. На пример договорот за Мундијалите е дека домаќинот ја плаќа изградбата на целата инфраструктура (стадиони, терени, патишта, сместување), и за возврат ги задржува сите пари од влезници и туризам, додека ФИФА ги зема парите од спонзорства и телевизиски права. Во случајот со СП 2010-та, Јужна Африка плати 3 милијарди долари за организирање на Мундијалот, а имаше приходи од околу 300 милиони долари, од друга страна ФИФА инкасираше 3,5 милијарди долари.

Таа е сместена во Швајцарија и функционира како невладина организација, која никому не му плаќа данок. Според Економист, секој натпревар од Светското првенство ќе генерира околу 1 милијарда долари (не се сите пари за ФИФА, ама има и за нив). Освен ова ФИФА е врховното тело во овој спорт и не одговара пред никоја влада или институција во светот.

Единствени кои до сега побарале некаква одговорност од ФИФА, се нејзините главни спонзори (Адидас, БП, Бадвајзер, Кока-кола и Виза) и тоа по информациите за местење на организацијата на Мундијалот.

"Во секој случај, првиот чекор за реформирање на ФИФА би бил притисокот врз Блатер да си замине, а државите од Латинска Америка да се приклучат кон нивните европски колеги во барањата за негова оставка. Ако тој е сменет за време на Светското првенство, победници ќе бидат сите земји членки - и самиот фудбал," пишува латино-американскиот магазин América Economía во својот едиторијал.

На тема ФИФА, мамата мамина, едно видео што претходно го објавивме.

18 јуни 2014 - 14:30