Долго очекуваните промени со кои најверојатно би се средиле дел од проблемите по еден од најскандалозните периоди во ФИФА, ќе се случат на конгресот на 209-те членки во мај 2013-та година.
Симоне Фарина, фудбалерот кој стана амбасадор на ФИФА откако пријави дека добил понуда да намести натпревар од италијанскиот куп, по завршувањето на минатата сезона остана без клуб и сега никој не сака да го ангажира.
Прашањето во врска со вечната дилема за тоа кој е подобар, Меси или Роналдо, му беше поставено и на претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, а тој даде дипломатски одговор.
Етичката комисија при Меѓунардоната фудбалска федерација покренува истрага за тоа како Германија, Русија и Катар ги добиле правата за организација на Светските првенства, а под истрага ќе биде и претседателот Сеп Блатер.
Почнаа да се отвараат картите во ФИФА. Притиснат од корупциската афера, претседателот Сеп Блатер почна да се расфрла со обвиненија на сите страни. Според него, Германија ја добила организацијата на Светското првенство во 2006-та година со мито.
Откривањето на документите кои ја потврдуваат корупцијата во највисоките редови на ФИФА ќе предизвика верижна реакција и светската куќа на фудбалот ќе се сруши како кула од карти.
Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер му се заблагодари на Френк Лампард затоа што неговиот непризнат гол од Светското првенство во 2010-та година е главната причина за воведување на технологија на гол-линијата во фудбалот.
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини го потврди својот став со кој тој се спротиставува на воведување на нови технологии во фудбалот и се надева дека Блатер ќе го промени своето мислење.