Првиот човек на етичката комисија при ФИФА, Мајкл Гарсија изјави дека тие ќе покренат истрага за тоа како Светските првенства во 2018-та и 2022-та година им беа продадени на Русија и Катар, но исто така ќе се истражи и организацијата на Светското првенство кое во 2006-та година се одржа во Германија.
За сомнителното гласање за Светското првенство во 2006-та година неодамна проговоре и Сеп Блатер.
„Ако биле купувани Светските првенства... тогаш ми текнува на гласањето за Мундијалот во 2006-та година кога некој изненадно во последен момент ја напушти просторијата. Наместо израмнето гласање со 10:10, Германија победи со 10:9" изјави Блатер.
„Тогаш ми беше мило што мојот глас не одлучуваше. Се сеќавам дека некој ненадејно ја напушти собата, а јас тогаш наивно гледав на случувањата. Не сакам да укажам на нешто, туку само говорам што се случи", додаде претседателот на ФИФА.
Сепак ниту тој нема да остане имун на новата истрага. Првиот човек на ФИФА ќе биде биде под истрага и за корупциската афера со која се докажа дека поранешниот претседател на ФИФА, Жоао Авеланж и неговиот зет и поранешен претседател на бразилската фудбалска федерација, Рикардо Тешеира примале мито од маркетинг агенцијата ISL.
Во тоа време Блатер бил генерален секретар на ФИФА. Тој знаел за корупцискиот скандал и не само што не превземал ништо, тој за сето ова време се обидува да го сокрие и освојува уште три нови мандати.