Сеп Блатер изјави дека е невозможно да се споредуваат Кристијано Роналдо и Лионел Меси и тој не може да одлучи кој е подобар.
„Меси или Роналдо? Тоа се двајца различни, но фантастични фудбалери. Роналдо на теренот е како генерал. Тој сака да доминира, постројува и да ги поставува правилата на игра. А Меси е како магионичар. Во секој случај тие се живи легенди на фудбалот", изјави претседателот на ФИФА.
Тој го даде своето мислење и за тренерите како Мурињо, Фергусон, Венгер, Гвардиола...
„Мурињо е еден од гигантите во фудбалот. Добро е за спортот да се има имиња како Мурињо, Фергусон, Венгер, Гвардиола... Секој од нив има свој стил и харизма. Тие не седат мирни на клупата", додаде Блатер.