Таг: русија

Ненадејно почина уште еден руски нафташ

Во Москва на лице место умре претседателот на бордот на Лукоил, Равил Маганов, откако, од непознати причини, паднал од прозорот во болницата во која бил хоспитализиран.

Нема што да нагаѓате, слушајте

Европа не обрнува доволно внимание на пораката што сред војна доаѓа од Кремљ и на вистинските обиди за предизвикување на социјални немири, пишува Марија Тадео во текстот за Блумберг.

Ако Финска лаже, паркинг не лаже

Паркинзите на аеродромот во Хелсинки се преполни со Каени, Поршиња, Бентлија и слични припадници на ултра-луксузната и скапа автомобилска ергела со руски таблици, и покрај тоа што Финска активно работи на укинување на визи за Русите.

Војната што Путин ја добива

Без разлика кој индикатор го користиш, рускиот претседател Владимир Путин победува на енергетските пазари. Москва заработува стотици милиони долари секој ден за да ја финансира инвазијата на Украина и да ја купи домашната поддршка за војната, пишува Хавиер Биас во текстот за Блумберг.

ЕУ има построги санкции за Полска отколку за Русија

Полјаците прават математика за парите што Москва ќе ги изгуби заради санкциите од ЕУ, и излегува дека Русија ќе мине подобро отколку Полска со казните од Унијата на која е членка.

Вашингтон пост ја с'ска Америка

Неделава САД покажа дека може да се справи со Кина и со Русија во исто време, без да почне нови војни или да изгуби некоја од постојните битки, пишува Џош Рогин во својата колумна во Вашингтон пост под наслов „Скептиците не се во право: САД можат да се конфронтираат и со Кина и Русија.“

На поранешниот ментор и соработник на Путин нешто не му е добро

Анатолиј Чубајс, поранешен вицепремиер на Русија, човекот кој го воведува Путин во политиката и се до почетокот на војната работи како негов советник, деновиве е хоспитализиран во „критична состојба“ на непозната локација.

САД спремни да го трампаат Виктор Бут за кошаркарка и шпион

Виктор Бут е поранешен советски офицер и еден од најлегендарните светски трговци со оружје, кој моментално одлежува 25 години казна затвор во САД. Сега Си-ен-ен објавува дека САД е подготвен да го трампа Бут за двајца нивни што лежат затвор во Русија.

Паркинг по паркинг Бентлито ќе излезе

Русинка е фатена како детално и педантно ги покрива регистрациите на своето Бентли за да избегне плаќање паркинг на улица во Москва. Каталошката цена на овој модел на Бентли е нешто 65,3 милиони рубљи или по сегашен курс нешто над 1,1 милион долари.

Ќе има ли војна со Русија?

На НАТО самитот во Мадрид, Финска беше поканета да се приклучи на Алијансата. Што значи тоа за Финска? Дека ако рускиот претседател одлучи да ја пробие 1.300 километри долгата граница со Финска, САД ќе мора да се покрене и да се стави во одбрана на Хелсинки и да војува со Русија на страната на Финска.

По Донбас, Аљаска?

Во еден класичен пример на маалски муабет издигнат на највисоко државно ниво, претседателот на Думата, се закани дека Аљаска би можела да биде следна за враќање кон Русија.

Руската страна на историјата

Во мај 1997, Борис Јелцин и сите лидери на на НАТО (со сите првотимци: Клинтон, Кол, Блер, Ширак, Солана...) во Париз го потпишуваат НАТО-Русија пактот, врз кој се градат идните односи меѓу Русија и државите на Алијансата.

Литванија претрпе руски хакерски десант

Руската хакерска група Килнет ја презеде одговорноста за неколкудневниот ДДОС напад врз повеќе литвански јавни сервиси.

Пари за руски обврзници или нема или има

Официјално, Русија не стигна да ги плати парите по основа на долгорочни обврзници кои најдоцна требаа да бидат исплатени на 27 јуни. Официјално, ама од другата страна, пари има, ама вашите не даваат да ви ги платиме.

Русија шишти од пари од гас

Европската Унија и останатите сојузници успеаа да ја намалат дневната потрошувачка на руски гас за 75%, па Русија почна овие 25% да им ги продава по четири пати повисока цена.

Швајцарија се пресрами и увезе руско злато

За прв пат од почетокот на војната повеќе од три тони руско злато и биле испорачани на Швајцарија, што се толкува како сигнал дека на индустријата и пројдоа првичните праведнички дилеми околу руските скапоцени метали.

Кога мнозинството вештерки биле мажи

Првата асоцијација за човек што се занимава со црна магија е дека станува збор за жена. Таквата слика е промовирана во поголемиот дел од католичка и протестантска Европа, каде независните жени се држеле во подјарменост преку вакви обвинувања. Но во православна Русија, голем број од обвинетите биле мажи, со поинакви идеи за тоа од каде потекнува моќта на магијата.

Русија треба да се распадне

За да се избегне дополнително крвопролевање, Кремљ мора да остане без сите парчиња од старата империја кои се уште ги поседува.

Азија се олади за руското оружје?

Сликите што доаѓаат од уништувањето во Украина, посебно на руското оружје и машинерија почнуваат да создаваат сомнежи околу квалитетот и издржливоста на производите на руската одбранбена индустрија, пишува кинеските медиуми.

Зошто Денот на победата Европа го слави на 8-ми, а Русија на 9-ти мај

Првично германската капитулација е потпишана во францускиот град Ремс на 7 мај и таа не е по мерак на Сталин, ниту по содржина, ниту по тоа каде, ниту кој ја потпишал. Со ова се согласува и Ајзенхауер, па следниот ден, 8-ми, Германија одново потпишува капитулација.

Кинезите ќутенката почнаа да се повлекуваат од Русија

Под притисок од потенцијални американски санкции и секнување на снабдувањето со делови и технологија какво што пред неколку години го снајде Хуавеи, кинески технолошки гиганти без многу галамење почнаа да излегуваат од рускиот пазар.

Руската економија воскресна

Моментално рубљата има повисока вредност отколку пред руската инвазија на Украина, а Русија во исто време успеа да ги подмири и плаќањата поврзани со обврзниците во странска валута, пишува Економист.

Барем Германецот историски се разбира кој е човек, кој не е, кој е Европеец, кој не е

Германскиот политиколог Флоренс Гауб деновиве изложи една своја (веројатно до сега потисната) теорија дека Русите иако изгледаат како Европејци, тие не се баш Европејци, па затоа ни нивната смрт не е многу европска.