На 7-ми документот за Германија го потпишува командантот на генералштабот Алфред Јодл, а од другата страна се американскиот генерал Волтер Бедел Смит во име на Сојузниците и советскиот генерал Иван Суслопаров, во име на СССР, во присуство на францускиот генерал-мајор Франсоа Севез како официјален сведок.
Кратко по завршувањето на церемонијата, од Москва стигнува негодување дека тие не се согласуваат со условите на договорот, и дека иако генерал, од нивна страна тој е потпишан од релативно ниско рангиран офицер.
Спогодбата што ја постигнуваат Сталин и Ајзенхауер е потпишаното во Ремс да се води како прелиминарен договор, а бидејќи советските народи ги имаат најголемите жртви во војната, „капитулацијата мора да биде потпишана пред врховните команданти на сите држави од анти-Хитлер коалицијата“ а не само пред врховната команда на Сојузничките сили, плус Сталин инсистира ова да биде потпишано во Берлин, како центар на нацистичката агресија.
Веќе следниот ден е организирана нова церемонија на потпишување, но додека да се завршат сите процедури тоа се случува кон крајот на денот.
Овој пат за Германија потпишува генерал фелд-маршалот Вилхем Кајтел, за сојузниците маршалот на воената авијација, Британецот Артур Тедер, а за Советите маршалот Георгиј Жуков. Потпишувањето се случува во штабот на советската армија во берлинското предградие Карлхорст, која е една од ретките преживеани вили во борбите за Берлин.
Предавањето потпишано во Берлин предвидува дека целата војска под германска контрола треба да престане со делување во 23 часот и 1 минута на 8 мај 1945.
По московско време, ова е 00:01 часот на 9 мај 1945, заради што тогашниот СССР го прогласува 9-ти мај за Денот на победата над фашизмот.
Првата парада во СССР за победата врз фашизмот е одржана на 24 јуни 1945.