Руската страна на историјата

Во мај 1997, Борис Јелцин и сите лидери на на НАТО (со сите првотимци: Клинтон, Кол, Блер, Ширак, Солана...) во Париз го потпишуваат НАТО-Русија пактот, врз кој се градат идните односи меѓу Русија и државите на Алијансата.

 

„Документот е потпишан за сите, вклучително и Русија, да се чувстува лагодно. Денес, по потпишувањето, јас донесов одлука на сето наше оружје насочено кон државите предводени од луѓето што се на масава, да му бидат отстранети воените глави. Дали ви е јасно,“ ќе порача Јелцин триумфално од свечената сала во Париз.


Руската хронологија на настаните по потпишувањето вели: Во годините по овој говор на Јелцин НАТО државите ја бомбардираа Југославија (1999), имаа неколку бранови на проширување (1999 и 2004), САД се повлече од договорот за против-балистички ракети (2001), изврши инвазија на Ирак (2003), го предизвика конфликтот во Јужна Осетија (2008), ја уништи Либија (во 2011). По 2014, односите меѓу Русија и НАТО, во пракса беа прекинати.

30 јуни 2022 - 10:34