Над 150 години откако Русија и ја продава Аљаска на Америка, Вјачеслав Володин, објаснувајќи дека САД треба да бидат повнимателни кога се закануваат дека ќе запленат руски имот во странство, порачува:
„И Америка секогаш да памти, таму се уште има дел од руска територија: Аљаска. Па кога ќе почнете да ги запленувате нашите ресурси во странство, пред да го направите тоа, прво размислите: ние исто така имама нешто за враќање.“
Володин изјавил и дека заменик спикерот на Думата, Пјотр Толстој, предложил одржување референдум во Аљаска.
Од тука топката ја презема Дмитри Медведев, кој на тема запленување руски имот во странство порача дека е „апсурдно да се казнува земјата со најголемиот нуклеарен арсенал на светот и дека тоа потенцијално претставува закана за човековиот опстанок.“