Таг: русија

150 руски агенти отпуштени од ФСБ заради грешките во Украина

Во масовната чистка на Федералната служба за безбедност најлесно минаа тие што останаа само без работа, а најтешко, за сега, поминува нивниот шеф и раководител на одделот за Украина, Сергеј Беседа, кој заврши во затвор под управа на ФСБ во близина на Москва.

Фантастичното одмагање на ЕУ на Украина

Тоа што се случува во Украина и целата галама, ужасување и осуда на војната што ја крева секој можен европски медиум и политичар, изгледа како да се одвива во паралелен затворен свет целосно изолиран од светот во кој се случуваат финансиските трансакции меѓу ЕУ и Украина и ЕУ и  Русија.

Зошто Бајден не може да го придобие Блискиот исток?

Една од работите што можеби и повеќе изненади од руската инвазија на Украина, е како децении благонаклоност и сервилност на Блискиот исток кон САД ги снема преку ноќ.

Ако сè продолжи како што е, Путин го чека премија од 321 милијарда долари

Доколку најголемите потрошувачи не направат нешто драматично и не ги затворат славините за гас и нафта, Русија ќе ја заврши годината со приходи што не ги ни замислувала.

Ништо посебното руско префрлање на рубља

Големата заштитна мерка за руската економија и рубљата општо беше исклучувањето на еврото од трговијата со енергенси и одлуката дека странските држави ќе треба рускиот гас да го плаќаат во рубљи. И тоа ем ќе се случи, ем нема да се случи.

Пораз е што Путин не падна на блефот на НАТО

Моментот кога Путин не падна на блефот на НАТО и продолжи со инвазијата на Украина, е момент на поразот на Алијансата, порача британскиот генерал Ник Паркер, кој предложи нова и помала воена коалиција.

Дали "Z" ќе се израмни со нацистички симбол?

Членови на литванскиот парламент предложија изедначување на буквата „Z“ и црно-портокаловата лента на Свети Ѓорѓија, со нацистичките и комунистички симболи.

Колатерални олигарси

Во ретко срцепарателно интервју банкротиран руски олигарх се обидува на западните медиуми да им објасни дека руските милијардери главно немаат никакво влијание врз Путин, па со тоа тие за џабе ги јадат санкциите од Западот.

Која е процедурата за лансирање на руските нуклеарни ракети и митот за „црвеното копче“

Точно е дека цело време околу Путин (или кој и да е руски претседател) има нуклеарен куфер (Чегет), тоа што е неточно е дека во куферот има „црвено копче“ за лансирање на нуклеарките. Поинаку одат работите.

Што е разликата меѓу „милијардер“ и „олигарх“?

Вториот термин го среќаваме речиси исклучиво кога станува збор за пребогати Руси, и тоа не само сега, туку со децении. Ретко „нафатиран“ Американец или западноевропеец е етикетиран со овој збор. Зошто едниве се олигарси, а другите не?

Мекдоналдс не го даваме

Викендов руски пијанист се врза самиот себе со лисици за влезот на еден московски Мекдоналдс во надеж дека така ќе го спречи заминувањето на ланецот за брза храна. Се работи за пијанистот Лука Сафронов (отприлика 270 кг.) кој може многу нешто да постигне со врзување за работи, меѓутоа не и оваа.

Русија побарала воена помош од Кина?

По тврдења на американски функционери Русија побарала воена опрема од Кина за потребите на инвазијата на Украина, и стравот на истите овие функционери е дека тоа барање значи дека Русија и Кина се поблиски од што се предвидувало.

Русија ја чека венецуелска финансиска криза

Шансите дека Русија на време ќе ги исплати ратите од странскиот долг се сè помали што заради рецесијата и бројните блокади на финансискиот систем, што заради се пониските цени на обврзниците, проценува американскиот Морган Стенли.

Последните минути на ТВ Дожд

Една од ретките независни руски телевизии вчера ја емитуваше својата последна програма пред колективно да се збогуваат и да се одјават симболично со Лебедово езеро.

Руска инвазија на ИКЕА

По најразлични санкции од речиси сите држави на светот, блокада во најголемиот број меѓународни организации, заминување на сите поголеми брендови од земјата, тоа што најсилно ги удри Русите и ги мобилизираше да излезат на улица и да застанат во редица беше информацијата дека ИКЕА ги затвора сите продавници во земјата.

Што е Искандер?

Се работи за едно од последните оружја чие создавање започнува по директива на Советскиот сојуз, во истата година кога почнува и распаѓањето на Сојузот. Визијата за него е дека ќе биде наследник на легендарните советски Скад ракети.

Шоуто не може да продолжи: масовни откажувања на настапи на руски уметници низ светот

Помеѓу другите реперкусии од инвазијата на Путин во Украина, Русија трпи и на полето на спортот и уметноста. Низ светот масовно се откажуваат веќе договорени ангажмани и гостувања на руски ансамбли и поединци, и обратно, закажани настапи на странски изведувачи во Русија. Иако е јасна потребата за притисок врз руските власти, ова го отвора прашањето за колатералните штети по она што би требало да нема граници, националност и политичка припадност - Уметникот. 

„Да ти бев јас мајка, г-не претседателе Путин...“

Аналин Меккорд и нејзината поема „Г-не претседателе Путин“ се претипични за либералната самобендисаност.

Од голи протести до блокчејн: како уметниците протестираат против руската инвазија на Украина

И до сега беше тешко да се искажат критички ставови низ уметнички перформанси во Русија. Но актуелната ситуација го зголеми нивото на нивна ангажираност, особено во контекст на можностите кои ги нуди блокчејн технологијата. Додуша, некои и понатаму повеќе сакаат да искажат став физички, со сета душа и тело. 

Како може Русија да му врати на Западот?

По воведувањето санкции од Британија, САД и остатокот од Западот, новинарот на Космомолскаја правда  разгледува комплет од, како што тој ги нарекува, петте „пеколни“ санкции што според него Русија би можела да му ги наметне на Западот.

Британија и САД почнаа да редат санкции против Русија

Главнината на санкциите што ги објави Џонсон се против вообичаените ентитети: руските банки, овој пат речиси сите, милијардери на власт и околу Путин, и воената и нафтената индустрија. Нешто сличен список извади и Бајден.

Русија, Донбас и Украина, утрото потоа

Вчерашниот ден на источниот фронт почна со состанок на рускиот Совет за безбедност, едно опсежно предавање од Путин на тема историја на Русија и Украина, и последователно признавање на независноста на двете украински сепаратистички републики.