Информацијата што ја пренесува Фајненшл тајмс од американскиот функционер е дека барањето е за опрема и друга помош, но не навлегуваат во детали.
Продолжувајќи со американските извори, ФТ пренесува „САД се подготвуваат да ги предупредат своите сојузници дека Кина се подготвува да и помогне на Русија“ а сето ова затоа што на Русија и снемува „некој вид на оружје“ како што војната влегува во третата недела.
Од Белата куќа не ги коментираат овие изјави за ФТ, а портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи го отфрлил ова како „дезинформација“.
Веста доаѓа во исто време со почетокот на разговорите меѓу САД и Кина, во кои САД ја предупредиле Кина да не се обидува да ја „извади“ Русија со тоа што ќе ги заобиколи американските санкции наметнати против Москва.