Првиот човек на дипломатијата на ЕУ, Борел, ја објави сметководствената реалност на делувањето на Унијата од почетокот на руската инвазија на Украина:
- ЕУ за нешто повеќе од 40 денови војна и има помогнато на Украина со 1 милијарда евра.
- ЕУ за нешто повеќе од 40 денови војна и има исплатено на Русија 35 милијарди евра на нафта, гас и останати енергенси.
„Наскоро ќе и имаме дадено на Украина 1 милијарда евра што може да изгледа многу, меѓутоа 1 милијарда евра е сумата што секој ден му ја плаќаме Путин за енергијата со која нè снабдува,“ изјави првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел.
Борел ова го објавува за време на дебатата за 5-от пакет санкции против Русија, кој ќе предвидува и забрана за увоз на јаглен од Русија, за кој ЕУ плаќа околу 4 милијарди евра годишно.