„Да ти бев јас мајкa, ќе беше толку сакан, држен во раце од радосна светлина… Не можам да ја замислам дамката, болката што зема душа што тоа мало момче, ти, си ја видел и си верувал, и формулацијата на мислата која брзо те учи дека живееш во суров, неправеден свет… О, драг г-не претседателе Путин.“
И така, со локни од плажа и смуртена веѓа, ценетата миротворка и ас на надворешните политики, Аналин Меккорд (претходно со настап на тинејџерската драма 90210) направи херојска интервенција во најголемата евроазиска криза од ’90-те па наваму. Во двеминутна поема, која ја напишала, ја снимила и ја објавила на Твитер во четвртокот, на „г-нот претседател Путин“ и на целиот свет им кажува дека само ако повеќе бил гушкан како дете, можеби не би чувствувал потреба да нападне друга земја. Додека руските тенкови се движеа низ украинските полиња, а луѓето бегаа за да се спасат, Меккорд храбро му се обрати на рускиот претседател од нејзиниот кауч и директно се стави на прва линија на отстрел на глобалниот потсмев и презир.
И сè ѝ е заслужено.
Ако песната на Меккорд за Путин не е пресуда за западњачката декаденција, самобендисаност и брукачка наметливост, тогаш не знам што е.
Ја гледам и смешната страна, се разбира. И искушение е да се отфрли ова како некаква глупост. Ама ова не е за смеење. Ова е знак дека западот станал толку интелектуално поткопан, што веќе не заслужуваме да ги држиме конците. Запрете ја вожњата, сакам да се симнам.
Меккорд ја критикуваат од сите страни, но тоа е мала утеха. Видеото е екстремен пример на однесување што е доста типично за најсамобендисаната група на луѓе во историјата на светот: богатите американски либерали. И проблемот е што овие луѓе - и распаднатите, корумпирани бумери што ги водат, со ковчестите прстишта стегнати околу уздите на моќта - го поткопуваат капацитетот на општеството за разумно самовладеење. Нудат болно-слатки објави за љубезност и штитење на ранливите, но ова е само маска за нивните навистина страшни авторитарни импулси.
Мене поемата ми е застрашувачка. Дали богатите либерали се толку оперирани од она што значи реално човечко страдање, што мислат дека ќе решат една војна со гушкање? Дали се сеќаваат овие луѓе на ѕверствата во Втората светска војна, или Руската инвазија на Авганистан, или теророт на КГБ? Гротескно е да се слушне Меккорд како се расфрла со претпоставки за детството на Путин, кога тоа припаѓа на свет, на место и време што таа не може ни да го замисли.
Опасната либерална миопија ја дели, како што изгледа, целиот американски естаблишмент. Ги нема веќе замижаните мачо-типови и прагматисти, ојачани од битка. Не се останати возрасни. Сега го имаме секретарот за транспорт Пит Бутигиг, како „радосно работи нешто што го исполнува“ со тоа што останува дома со бебиња, растрескан Џо Бајден, раскикотена Камала Харис и Купер, стажантот-зумер во сукња.
Да бев теоретичар на заговор, ќе бев во искушение да верувам дека ова е некаква мрачна психологија. Дека синтактички комплексното ѓубре на Меккорд не го напишала холивудска старлета со големо срце, туку способна руска разузнавачка служба, решена да деморализира цела нација.
Тие што уште имаме мозок во моментов, сме прекршени од оваа глупост. Какви недели поминаа. Либерално-левите политички и медиумски естаблишменти, тазе дојдени од убедување дека канадските камионџии се нацисти, го свртеа својот горгонски поглед на исток.
Но, сигурна сум дека Украина е многу утешена од сознанието дека, кога би можела, Аналин Меккорд сето ова би го решила со едно гушкање.