Таг: русија

Ништо руско да не припари во ЕУ

Како што малку попушта студот, така ЕУ почнува да изгледа како некој што сака да преземе нешто против Русија заради нејзиниот излет во Украина. Списокот на работи кои ЕУ планира да ги забрани за увоз во Унијата, изгледа како на Гугл да побарале листа на клучни зборови кои се поврзуваат со Русија.

Виза, Мастеркард и кауцијата од речиси 4 милијарди долари

Затоа тоа што Виза и Мастеркард, како глобални системи за плаќање, се однесуваат доста локално и послушно секој пат кога САД ќе воведе санкции против некого, Русија одлучи со нив да почне да работи со оставање кауција.

Во потрага по милијардите на Путин

На листата Руси што се најдоа под санкции на САД, се издвојува името на Генадиј Тимченко, човекот кој е делумен сопственик на компанијата Гунвор Груп (4-ти по големина трговец со нафта во светот и која во 2013-та имаше приходи од 90 милијарди долари). Се верува дека ова е човекот што ги пази парите на Путин во фирмата.

Путин Велики

Претпоставката е дека намерата на Путин е да ги повтори славните денови на Русија, како кралство, не како сојуз. Ова во основа би значеле повеќе непријатни работи за околината.

Пет прашања за Путин

Рускиот претседател деновиве го имаше годишното одговарање на прашања од граѓаните во живо на телевизија (му беа поставени 2,5 милиони, одговори на 81 прашање). Украинскиот новинар Андреј Ближо има 5 прашања кои или никој не му ги поставил на Путин, или не биле ставени пред него да ги одговара.

10.000 долари за секој фатен руски "саботер"

Наградата ја дава украинскиот енергетски тајкун Игор Коломоиски, а се што треба да направите за неа е да уапсите некој од Русите што освојуваат на истокот од Украина и да го одделите од неговото оружје.

Серискиот руски великомаченик

Сето она што се случува во Украина во основа е проследено со три типа на репортажи: видео од војска руска/украинска, видео од демонстрации и видео од настрадани граѓани. Последнава тема, станала сомнителна.

Како внимателно да ја казниш Русија

Не заврши со Крим, ама па и никој не веруваше дека таму ќе заврши. Соочени со понатамошната руска агресија на источна Украина, ЕУ и САД повеќе не треба да ја разгледуваат финансиската и политичката поддршка за украинската влада како опција. Сега таа е неопходност.

Русија нема да увезува ГМО производи

"Ако Американците сакаат да јадат ГМО храна, нека јадат. Ние немаме потреба од тоа," изјави рускиот премиер Димитриј Медведев.

Наивноста на дистанцата

Буш, Клинтон и Обама, имаат сличности со Асад, Арафат или Путин, колку што имаат и со Мики Маус. На кратко, Американците мислат дека го разбираат светот. Ама нивната одделеност од него, и идеализмот, наивноста, ароганцијата и незауздениот прагматизам кој го носи одделеноста, раскажува друга приказна, пишува во анализата на магазинот Форин Полиси.

Ако сакаше, ќе ја освоеше третина Украина

Проценката е на поранешниот заменик директор на ЦИА, според кого Путин веројатно и не е премногу заинтересиран за Украина надвор од полуостровот кој веќе го завладеа.

Што е пострашно, Русија на Путин или СССР?

Во една изјава од деновиве Обама го закачна Путин по најболното порачувајќи дека "Русија е регионална сила која им се заканува на соседите, не од што е моќна, туку заради слабост." (Целиот чатал од изјавата се издиша следниот ден кога Обама им се с’сна на европските членки на НАТО дека малку трошеле на војска.)

Дали САД би знаеле дека Путин има кеш кај нив?

Замрзнување на целиот имот на руските лидери (Путин) во САД е една од санкциите што Американците и ги наметнаа на Русија во врска со Крим. Сега уште треба да го најдат.

Околу Русија и санкциите

По основа на се што се случува на Крим, Западот почна да ја размислува една од топ 3-те мерки што ги има за вакви ситуации - наметнување санкции на најголемата држава во светот (останатите две се пишување на остро писмо со предупредување и пишување на уште поостро писмо со предупредување).

Рускиот "Блеквотер" го окупираше Крим

Војниците кои во необележани униформи ги зазедоа двата аеродроми на Крим не се членови на руската армија, туку се од приватната компанија за безбедност Вневедомственаја охрана, која соработува со руската Влада. Информациите од Крим се дека овие војници веројатно го подготвуваат теренот за враќањето на Виктор Јанукович.

Украина меѓу змијата и магарето

Оној политички пачворк наречен нова украинска власт допрва ќе си ја чеша главата. Земјата е во тешка була а Путин, и без воена интервенција, има цела палета потези со кои може да им го загорчува животот. Земјата е во тешка була а од другата страна е - ММФ. А ако се спроведат ригорозните диети на ММФ - ете ти пак народ на улица.

Русија, од твоја сме

Во гео-политичката поделба на силите на светскиот карлинг во женска конкуренција, ние одлучивме да ја фаворизираме репрезентацијата на Русија. Ова се нашите аргументи:

Зошто Русите нема да ви се насмевнат во Сочи

Британскиот новинар Ед Леи оди во Сочи за да ја пренесува зимската Олимпијада. Таму забележува дека ниту еден Русин не возвраќа на неговите насмевки. Збунет, ги распрашува локалците зошто така? Го добива следниот одговор: "Во Русија само два типа на луѓе се смеат: идиоти и богаташи - а богаташите не одат по улица."

Изложба на дела од советските Спартакијади

Во чест на отварањето на Олимпијадата во Сочи, Олимпијскиот музеј во Лозана организира изложба „Руската авангарда и спортот". Таа покажува дека Русите одамна ја сфатиле поврзаноста меѓу масовните спортски настани и политиката.

Русите живеат кратко зашто често прават "живели"

Заради масовната љубов кон националната пијачка, секој четврти Русин е во опасност да не поживее повеќе од 55 години.

Не ја исмевајте поезијата. Ентер.

Се сеќавате на расправијата во Ростов-на-Дон околу Имануел Кант и неговата „Критика на чистиот ум"? Епа во Русија повторно се случил инцидент, овој пат поттикната од една книжевна дилема. Сега има и мртви.