НАТО, од друга страна, треба да понуди значително засилување на нејзините источни граници. Без разлика како изгледа, овие постапки ќе бидат во најдобар интерес и на самата Русија. Јасното нагласување на цената на секоја идна агресија ќе го направи секое идно напредување помалку веројатно, а со тоа и Москва би се поштедила од повредите во новите тепачки.
Русија треба да се натера повеќе да плати за штетата што веќе ја предизвика. Казната треба да служи како предупредување за иднината. Ама кои било мерки што би се преземале не треба да го ескалираат конфликтот, како Москва не би се чувствувала обврзана да врати на тоа.
Нова директива со која се регулираат односите меѓу ЕУ и Израел стапи на сила на 1-ви јануари. Таа е базирана на правилото дека ЕУ не признава каква било окупација, заради што одбива соработка со која било израелска компанија - државна или приватна - која функционира и на Западниот брег.
ЕУ не го промени својот став дури и кога се соочи со силните протести од страна на Ерусалим, објаснувајќи дека одлуката се базира на принципи, а на не анти-изрелско чувство.
Ама истите принципи не го сопреа ЕУ во потпишување договор со Мароко околу рибарењето на водите на окупираната на Западна Сахара. Ниту ќе го спречат ЕУ од воспоставување на канцеларија во Северен Кипар, окупиран од Турција.
Барем во случајот со ерменската окупација на Нагорно Карабах регионот, ЕУ остана конзистентна. Значи така може да биде и со Крим, предлог што треба да дојде од Полска. Ова може да биде само наметнување на постојните, добро познати правила - а не ескалација на конфликт.
Истовремено, треба да се побараат адвокатски канцеларии од ЕУ подготвени да започнат со тужби за компензација поднесени од приватни и државни украински компании против Русија. Украина официјално ги проценува своите загуби на околу 10 милијарди долари во недвижнини и природни ресурси. Овие барања мора да одат преку судовите, а имотот на руските компании лоциран во ЕУ треба да биде запленет како казна. Од банкарски депозити, до стока, авиони и бродови.
Преземањето на овие мерки се очекува да ги влоши односите со Русија, ама поднесувањето на обвиненијата пред независен суд би претставувало само практикување на законот.
Многу е веројатно дека Москва ќе создаде фиктивни компании за проектите на Крим, и само мал дел од правните случаи ќе завршат со успех. Сепак, овие мерки ќе ги потсетат Русите дека нивните активности не се легални. Па дури и ако светот не им одговори со сила, ова не значи дека нивните постапки ќе бидат простени.
Секој пат кога директор на руска компанија ќе треба да реши меѓу инвестирање во Крим или Европските програми, секој пат кога пилот на Аерофлот што влегува во европскиот воздушен простор ќе стравува дали ќе го загуби својот авион, Русија ќе се соочи со цената за сопственото беззаконие. Нема да биде висока цена, ама ќе ги вознемирува. Не неизбежна, туку неизбежно присутна.
Долгорочно, Русите веројатно не сакаат да се сметаат себе си за крадци кои успеале да избегаат со пленот.
Извор: Gazeta Wyborcza