Таг: германија

Од Германија за братска Италија со „Bella Ciao“

Жителите на Бамберг лагодно сместен во северна Баварија, уште полагодно во некој полуопуштен карантин, излегуваат на тераси за да ги поздрават и окуражат сите жители на Италија кои со недели се во рововска битка со ковид-19, со една од најпартизанските песни на сите времиња „Bella Ciao“

Европско 2020 е првиот голем турнир во историјата одложен поради вирус

До пандемијата со коронавирусот, Европското првенство топ не го биело: Сите претходни 15 турнири оделе по план, ништо не го спречувало овој голем и вреден турнир. Преседан се случи оваа година.

Србите, Турците, Германците, Русите не прекинуваат со фудбал

И покрај тоа што во Србија до денес на пладне се регистрирани 31 случаи позитивни на Ковид-19, српската влада долго време беше на ставот да нема публика само во затворени места (сали), а попладнево одлучи да се игра и фудбал без гледачи.

Германски четвртолигаш пишува преубава бајка, стигнаа до полуфинале на Куп

Фудбалерите на четвртолигашот Сарбрикен ја творат најубавата сторија сезонава во германскиот фудбал, откако исфрлија уште еден сериозен бундеслигаш и се пласираа во полуфиналето на Купот после 20 изведени пенали!

Настанот за кој се дискутира во Германија

За време на еден меч од германското фудбалско подземје меѓу Прусен Минстер и Вурцбергер Кикерс, гостинскиот фудбалер Лирој Квадво кој доаѓа од Гана бил расистички навредуван од еден навивач на кој му се врти цел стадион.

Жената што требаше да ја наследи Меркел, си даде оставка пред што било да наследи

Анегрет Крамп-Каренбауер објави дека нема да се кандидира за канцеларка на следните избори во Германија, и згора на тоа планира и напуштање на лидерската позиција во владејачката ЦДУ.

Октоберфест загадува повеќе од Бостон

Годишниот аџилак на милиони луѓе од пивска вероисповест е и еден од настаните кои најмногу загадуваат на планетава, без притоа да се брои кој како стигнал до таму.

Никако Германци да се откажат од стари навики

Во анкета што не е од 1936-та, над една четвртина од Германците се согласуваат дека Евреите „имаат премногу моќ врз економијата“, а над 40% сметаат дека Евреите „премногу зборуваат за Холокаустот“.

Германија го укинува данокот на обединување

Речиси три децении по падот на Берлинскиот ѕид германските власти решија дека е доста од собирање пари по таа основа.

Германецот е напнат што му е спор интернетот

Бидејќи никој не сака да се случи масовно напнување на Германците, и покрај тоа што просекот на државно ниво им е околу 75 мегабити, се работи на воведување гигабитен интернет во целата земја.

Лесно е да си Германец кога е млако

Со години Германците со презир и одважност гледаа на глобалната, а посебно на американската, пракса на распалување клима уреди секој пат кога малку ќе се затопли. И тоа така тераше се додека летово во Германија уште во јуни неколку денови по ред не стигнаа до 37 степени.

Психологија на фанатизмот: бранот самоубиствата во Германија во 1945

Нова книга го истражува феноменот на масовно одземање на сопствениот живот, кој ја зафатил Германија тогаш кога станало јасно дека таа ќе ја загуби Втората светска војна.

Легендарната мундијалска седмица која не се заборава

Поминаа точно пет години од мечот кој како вчера да се играше. Домаќинот Бразил силен и наострен тргна по титула на СП 2014, ама во полуфинале за противник ја имаше немилосрдната Германија. Останотото е историја. Устрави само ова. Резултатот во 29-та минута го паметите? 5:0.

Измамникот кој ги убедил Германците дека Ивица и Марица се вистински

Eдна од оние лажни вести која е направена за да исмее и поучи - дека голем дел од она што се продава како наука и археологија може да е чиста измама. Но луѓето толку сакале таа да биде вистина, што овој поучен аспект некако паднал во сенка на сензацијата.

Дискретниот живот на германските супер-богаташи

1% од Германците поседуваат 25% од целиот имот на земјата, додека половина од земјата нема воопшто никаков имот.

Нова автобиографија на слеп трговец со уметнички дела

До сега имавме пишувано за слеп режисер и за слеп фотограф. Ова е приказна за слеп дилер со уметнички дела, кој неодамна ги објави своите мемоари.

Приказната за единственото дрво-стројник

Сторија во која се преплетуваат легенди, фолклор, политика и лични животни судбини. Како онаа на еден даб и еден поштар, кој дваесет години кај дрвото оставал пораки од осамени срца, за кои тој станал главен стројник.

Грција пак: За репарации што правиме?

Тестирајќи до каде можат да го истераат принципот „Грк не добива пари додека не заплаче“, владата на Грција повторно ги повика Германците да седнат да разговараат околу репарации за двете светски војни. Другата страна и понатаму е на иста дистанца: тоа е решено пред многу години.

Никако да ја остават Меркел да се пензионира на раат

Иако планот беше постепен фејд-аут на Ангела Меркел до крајот на нејзиниот мандат во 2021, по ЕУ изборите станува се поверојатно дека наследничката на Меркел нема да стане наследничка на Меркел.

Германски лопови би да си ги заработат парите што ги краделе

Во најгерманската можна кражба, група крадци решиле дека најдобар начин до лесни пари и брзо богатење е да оберат цела нива со јагоди.

2.500 евра казна за вас прекрасни анти-ваксери

Казна од 2.500 евра за сите родители кои нема да си го вакцинираат детето е предвидена во новиот предлог закон на германскиот министер за здравје.

Германски парламентарци повикаа на заштита на христијаните

Проценувајќи дека прогонот на христијаните низ светот е во постојан раст, парламентарци од неколку германски политички партии побараа нивна посилна заштита низ светот.

Шефот на германскиот фудбалски сојуз даде оставка поради непријавен часовник од 6.000 евра

Во германскиот фудбал е бурно време. Рајнхард Гриндел, довчерашниот претседател на Германскиот фудбалски сојуз (DFB), кој го водеше сојузот од 2016-та, дал оставка поради корупциски скандал.

На дизајнерот на логото Puma му нуделе доживотен процент, тој побарал само патики и ранец

Лутц Бакес, германскиот карикатурист којшто во зоолошка градина ја насликал првата скица за логото за гигантот Puma и кој после сè, останал цврсто на земја иако можел да заработи милиони евра.