Грчкиот амбасадор во Германија поднесе официјално барање до Берлин да влезе во преговорите за воените репарации кои според грчка страна земјата ги заслужува за штетата во Првата и Втората светска војна.
На барањето му претходеше официјална одлука на грчкиот парламент од април годинава, за започнување на дипломатска кампања за да се притисне Германија да исплати отштета од милијарди евра за двете војни.
Германија сето ова време одбива да учествува во каква била форма во ваквите преговори и пресметки на Грците објаснувајќи дека целата работа е решена пред многу години.
Темата репарации излезе на површина за време на должничката криза 2010, кога Германија ја притисна Грција да воведе мерки за штедење.
Во 2016, комисија на грчкиот парламент процени дека на државата и следуваат минимум 292 милијарди евра за репарации за Втората светска војна, и дополнителни 9,2 милијарди за Првата светска војна. Подоцна парламентот реши да не се споменува втората сума.