Во европскиот фудбал не се ретки епизодите со расизам на стадионите, но има места каде расизмот добива жесток удар. Пример во третата германска лига, на стадионот на Прусен Минстер навивачите бурно реагираа и со прст и го покажале на полицијата изгредникот кој расистички го навредувал противничкиот фудбалер кој доаѓа од Африка и кој изведувал аут во финишот на мечот.
Судијката Кристине Рафалски веднаш го прекинала мечот.
Во еден момент Квадво тргнал да го напушта теренот, но домашните играчи го охрабриле и поддржале, а домашната публика ги информирала редарите кој е расистот меѓу нив. Во исто време цела трибина ечела "Nazis out“!
Додека полицијата го изнесувала расистот, публиката гласно аплаудирала. Мечот завршил нерешено, но анти-расистичкото единство бил главен момент на натпреварот.
Видеото од настанот станало вирално во Германија каде има жестоки казни за какви било девијантни појави на стадионите, а особено во борбата против расизмот:
Chills.
— Muhammad Lila (@MuhammadLila) February 15, 2020
In Germany, a fan hurled racist slurs towards Leroy Kwadwo, a Ghanian football player.
When other fans saw it, they alerted security, who escorted the man out.
Then, as opposing players came to hug Kwadwo, the entire stadium stood up and chanted "Nazis Out!" pic.twitter.com/FHQP9Pe18J
Инаку Лерој Квадво (23) има корени од Гана инаку е роден во Германија и фудбал почнал да игра во академијата на Рот Вајс од градот Есен.
„Ова ми се случува мене првпат, признал Квадво после мечот. Слушав навредливи крици, ја кренав главата и веднаш го видов човекот кој ги викаше. На таков не му е место на стадионот ни било каде. Но сакам да им се заблагодарам на сите во Минстер. Брзо се смири ситуацијата и исправно постапија“.
После мечот, Квадво на Инстаграм напишал подолг коментар:
„Мене ме навредуваше навивач на расна основа. Ме вознемири. Иако имам друга боја на кожа, јас сум роден тука во оваа прекрасна земја која што толку многу ми даде мене и на семејството. Јас сум еден од вас, тука живеам. На расизмот не му е место во нашиот свет.
Сакам да им заблагодарам на луѓето на стадионот, на тренерите и играчите на Прусен и лично на мојата екипа кои безрезервно ме поддржаа. Вашата реакција беше исклучителна - вие не може да замислите колку ми значи тоа на мене и на другите играчи со поинаква боја на кожа“.
Домаќините ги пофалил и тренерот на гостите Михаел Шиле: „Поддршката од навивачите на Прусен од трибините ме наежи. Судијата веднаш реагираше, инцидентот се реши. Никој во Германија не е должен да го трпи тоа. Фала им на гледачите за реакцијата“.
Претставниците од клубот од Минстер повеќе пати му се извиниле на Квадво Лерој: и на социјалните мрежи и на прес-конференција. Претседателот на клубот Криштоф Шресер изјавил: „Не сакаме да видиме такви нешта на фудбалски терен и поточно на нашиот стадион. Таквите луѓе не ни требаат. Се оградуваме од нив а јас му се извинувам на Вирцбург.“
Во меѓувреме најдобриот играч на португалскиот гигант Порто, Муса Марега откако даде гол за 2-1 против Виторија Гимараеш го прославуваше така што покажуваше на бојата на својата кожа. Од тој момент непрестано беше навредуван на расистичка основа од домашните навивачи па веднаш го напушти мечот и го принуди тренерот да изврши измена. А судијата му покажа жолт картон поради тоа што со прославата „ги иритирал навивачите“.
An alleged racist incident marred a Portuguese league match on Sunday as Porto forward Moussa Marega walked off midway through a match due to abuse from fans. pic.twitter.com/LAHLi8toi5
— ESPN FC (@ESPNFC) February 16, 2020