На почетокот од пандемијата Германија имаше 28.000 кревети на интензивна нега. Од неодамна има 40.000 докдеа се подготвува за напливот на нови пациенти.
„Во споредба со Франција, Шпанија и Италија, ние имаме многу голема густина на болници и кревети, што се покажа како голема предност за време на кризата.
Иронијата е што ова е нешто за кое бевме критикувани во минатото,“ објаснува првиот човек на германската асоцијација за интензивна нега и прва помош, Уве Јансен.
Овие критики ја вклучуваат и студијата на влијателната Бертелсман фондација која минатата година препорача намалување на бројот на болници во Германија од сегашните 1.400 на нешто помалку од 600.
Германија има два пати повеќе кревети на интензивна нега, отколку што здравствениот систем во Англија има вкупно. Германците спроведуваат и по 100.000 тестови за коронавирус на ден, а во средината на март нарачаа 10.000 нови вентилатори, како дополнување на постојните 20.000.
Во саботата во Германија имаше 122.171 заразен со коронавирус и 2.736 почианти. Со ова стапката на смртност во Германија е 2% од вкупниот број на заболени со коронавирус. Во Италија беше 13, во Шпанија 10 проценти.
Освен самиот број на опрема на располагање, за експертите клучен е и бројот на болници во Германија. Дополнително во земјата пациенти со ковид-19 се третираат на сите три нивоа на здравство, бидејќи дури и најмалите институции имаат единици за интензивна нега.
„Фактот дека нашите капацитет се толку широко распоредени врз толку голема област ни беше од екстремна корист и е една од причините зошто ситуацијата во Германија е релативно опуштена,“ објаснува првиот човек на Германската федерација на болници, Герард Гас.
Неодамнешна студија на ОЕЦД покажува дека пред кризата Германија имала 33,9 кревети за интензивна нега на 100.000 лица. Шпанија имала 9,7, Италија 8,6. Германските борјки покажуваат дека 14% од сите кревети за интензивна нега во земјата се ноѓаат во 840-те мали болници со помалку од 200 кревети.
Ситуацијата во земјата е помогната и од одлуката на германската влада да препорача откажување на сите рутински операции и операции кои не се од медицинска важност, за креветите во болнциите да бидат слободни ако затребаат. За возврат владата на болниците ќе им плаќа по 560 евра за секој кревет што го чувале слободен за потенцијален пациент со ковид-19, и 50.000 евра за секој нов кревет во интензивна нега што ќе го додадат на својот капацитет. По оваа одлука, зафатеноста на капацитетот на интензивна нега во Германија е паднат од 75-80 на 50%.
Она што му недостасува на германскиот здравствен сисем е персонал на сите нивоа, што е и една од главните причини зошто Бертелсман фондацијата лани препорача затворање на болниците и консолидирање на персоналот.