Дискретниот живот на германските супер-богаташи

1% од Германците поседуваат 25% од целиот имот на земјата, додека половина од земјата нема воопшто никаков имот.

Германија е земјата со најмногу милијардери во Европа, и за сите нив е карактеристично што живеат многу дискретно и, како што објаснува Дојче веле, „шетаат незабележани по улица“, бидејќи не сакаат да се издаваат.

Уредникот на германскиот Менаџер магазин, кој ги составува годишните листи на најбогати Германци, објаснува дека одредени супер-богаташи даваат сè од себе да останат непознати, и дека воопшто не можеш да најдеш слика на Гугл од неколку од најбогатите Германци. На пример, со децении никаде (медиуми или интернет) се нема појавено нова слика од Рајманс, најбогатото германско семејство.

Едно од објаснувањата за „срамежливоста“ е дека германските милијардери сакаат да живеат „нормален живот“, без товарот од тоа што се мулти-милијардери. Другото е дека дел од нив се станати милијардери наследувајќи богатство што потекнува или е компромитирано од нацистичка Германија.

Во 2018 во Германија е пресметано дека живеат околу 200 милијардери, и на овој список нема ниту еден од моментално водечките ЦЕО-а на германската индустрија.

Германските медиуми тврдат дека бројот и богатството на милијардери расте додека нееднаквоста во земјата се зголемува. Германските милијардери тврдат дека медиумите нив некоректно ги претставуваат како скржавци и Бајо паторот кои сакаат да пливаат во пари. Еден од нив ќе појасни: Точно е дека сакам да заработам многу пари, ама не е точно дека сакам да пливам во нив.

 

25 јуни 2019 - 10:41