Нова книга издадена во Холандија со сведоштва на клупски доктори и поранешни играчи ги потврдува сомнежите дека во 70-те години повеќето фудбалери, сакале или не, биле допингувани.
Светската анти-допинг агенција (WADA) соопшти дека на репрезентацијата на Јамајка и се заканува суспензија од сите натпреварувања ако атлетската федерација не ја подобри допинг контролата.
Некои спортисти ќе сторат се за да не паднат на допинг тест. Италијанскиот атлетичар Девис Личарди бил фатен при обид за измама со лажен пенис на допинг тест по трка на 10 километри.
Во најмалата репрезентација која до сега настапила на натпреварување под капата на ФИФА и која се радуваше што ќе игра рамо до рамо со големите ѕвезди на светскиот шампион Шпанија се крие натрапник кој користел недозволени стимулативни средства во Бразил.
Црн ден за кралицата на спортовите. Двајца поранешни светски прваци на 100 метри паднаа на допинг тест. Тајсон Геј и Асафа Пауел користеле недозволени средства.
Добро ни е познато дека се допингуваат велосипедистите, атлетичарите, пливачите, кошаркарите, пливачите и сите други спортиси, ама не очекувавме дека допинг ќе користат и во карлингот.
Барем три од последните девет освојувачи на Тур де Франс користеле недозволени средства, а допинг на големо се користи и во сите други можни спортови, но прашањето е кој најмногу го користи.
Претседателот на италијанската анти-допинг агенција тврди дека шпанската доминација во фудбалот завршила со откривањето на големиот допинг скандал по кој докторот-допингувач заврши во затвор.
Италијански експерти за допинг тврдат дека фудбалерите на Јувентус користеле недозволени средства кои во тоа време не можеле да се откријат за време на финалето од Лигата на шампиони во 1996-та година кога го совладаа Ајакс по изведување на пенали.
Светската анти-допинг агенција (ВАДА) стана потелерантна кон спортистите кои се љубители на марихуаната и донесе нови правила кои ќе стапат во сила за 2 години.
Сигурно се сеќавате на легендарниот тим на Реал Сосиедад кој во сезоната 2002/03 заостана само 2 бода зад Реал Мадрид во борбата за титула во шпанската Примера. Епа баш тој состав го направил овој успех со помош на допинг.
Пред судот во Мадрид се појави докторот Еуфемиано Фуентес кој ја има главната улога во еден од најголемите допинг скандал во светот на спортот и скандал кој може да ја оцрни доминацијата на Шпанија во сите спортови.
По долга истрага, негирање и лажење, Ленс Армстронг синоќа конечно призна дека се допингувал. Еве како изгледаа неговите претходни изјави на оваа тема.
Во интервју за шоуто на Опра Винфри, велосипедистот Ленс Армстронг призна дека користел недозволени средства за време на неговата кариера во која освои седум титули на Тур де Франс.
Меѓународната велосипедска федерација денес ја прифати одлуката на американската анти-допинг агенција и му ги избриша седумте титули на Ленс Армстронг.
Олимпискиот комитет на Швајцарија откри двајца „паметни" спортисти кои си нарачувале недозволени средства преку интернет и им изрече суспензии без воопшто и да им направи допинг тест.
Познавачите на состојбите меѓу параолимпијците стравуваат дека добар дел од парализираните спортисти намерно ќе се повредуваат со нивните недозволени методи за постигнување подобри резултати. Верувајте, прилично драстични методи.
И покрај тоа што пред само два дена некој се обиде да ја пласира информацијата дека УЕФА ќе му прогледа низ прсти на Работнички, тоа се покажа како невистина. ФК Работнички сепак заработи суспензија од европските натпреварувања.
Американскиот Џудист, Ник Делпополо кој е роден во Белград како Петар Перовиќ, е исфрлен од Олимписките игри во Лондон откако неговиот допинг тест бил позитивен на канабис, но тој тврди дека без негово знаење изел колачиња со марихуана кои му ги подготвила негова роднина.
Во глобала олимпијците се натпреваруваат во две категории: кој ќе освои злато и кој ќе успее со допинг да ги пројде тестовите. На 90% им успева ова второво.
На неколку недели пред Олимпијадата и неколку недели во хајката против Ленс Армстронг дека некогаш имал недозволени средства во крвта (ало, човекот беше на хемотерапија), краток преглед на некои од оправдувања на спортистите фатени на допинг.