Швајцарскиот Олимписки комитет минатата недела им изрече суспензии, а Светската анти-допинг агенција оваа недела ги потврди санкциите на глобално ниво за двајца швајцарски спортисти.
30-годишниот велосипедист Роџер Нахбур и 41-годишниот скијач Рето Еигенман заработија суспензии во траење од две години заради нарачување недозволени супстанци преку интернет.
Нахбур нарачал кленбутерол и ЕПО и освен суспензијата ќе плати и казна од 22.000 швајцарски франци, а Еигенман нарачал кломифен, тестостерон и тренболон и заработи парична казна од 1.700 швајцарски франци.
Швајцарските власти воопшто немале потреба да им направат допинг тест и за нив доволен доказ за изречување на суспензијата бил самиот чин на нарачување на овие супстанци преку интернет.