Меѓународната велосипедска федерација (UCI) соопшти дека забранетата супстанца ксипамид е пронајдена во примерокот за анти-допинг тест кој од Френк Шлек е земен на 14-ти јули.
Веднаш потоа од екипата Рејдиошек објавија дека нивниот член се повлекува од трката. Шлек може да добие само опомена, а максималната казна е суспензија од две години.
Франк Шлек кој минатата година заврши на третото место, до моментот на повлекување по 15 етапи беше на 12-та позиција со заостанување од 9 минути и 45 секунди за водечкиот Вигинс. Неговиот помлад брат, Енди Шлек кој беше шампион во 2010-та година, не настапи на 99-то издание на Тур де Франс заради повреда.