Членовите на „Дрим тим“ се плашеле од допинг тест

Сигурно е големо признание да се биде најдобар поединец во најдобриот тим на светот. Но тоа не важи и за Американците.

На Олимписките игри во Атланта во 1996-та никој не сакал да биде најдобар стрелец. Причината за тоа е избегнување на допинг тестот. Ова го откри еден од освојувачите на златниот медал, Грент Хил.

Беше многу смешно. Никој не сакаше да биде најдобар стрелец на натпреварот затоа што на него му правеа допинг тест. Тоа трае околу два часа и никој не сакаше да поминува низ тој процес. Ако ги гледате снимките од тие натпревари, ќе забележите како никој не е себичен и сите ја додаваат топката затоа што никој не сака да шутира", изјави Грент Хил.

Американците буквално растураа на оваа Олимпијада. Тие победуваа со во просек 31,75 поени разлика на секој натпревар, а најблиску им се доближија Бразилците кои во четвртфиналето беа поразени со „само" 98:75. Репрезентацијата на Југославија загуби во финалето со 95:69.

Затоа се поставува прашањето, дали Американците избегнувале да прават допинг тест само затоа што ќе изгубат два часа или пак се плашеле дека нешто ќе им откријат?

27 јули 2012 - 12:06