Измамите на спортистите кои сакаат да го заобиколат допинг тестот туку што добија нова димензија.
Атлетичарот Девид Личарди е под истрага на Олимпискиот комитет на Италија откако бил фатен при обидот да подметне урина од вештачки пенис.
Личарди кој е член на Атлетскиот клуб на италијанските воени сили, се обидел да ја направи измамата по трка на 10 километри во близината на Бари.
27-годишниот побарал да биде оставен на само додека уринира, но бил сомнителен и докторот не сакал да ја напушти просторијата како што и налагаат правилата на анти-допинг агенцијата.
Се претпоставува дека тој го користел уредот The Whizzinator кој може да се нарача преку интернет за околу 100 евра.