Селекцијата на Тахити која беше составена од аматери и од само двајца професионални фудбалери, како победник во Океанија беше вистински хит на Купот на Конфедерации ова лето во Бразил, но ФИФА "им го расипа" угледот и ни открива дека еден од фудбалерите користел допинг.
За сега името на фудбалерот светската куќа на фудбалот не ни го открива, а она што е познато дека се допингувал за натпреварот против Уругвај кој се одигра на 23 јуни и кој селекцијата на Тахити го загуби со 8:0.
ФИФА отвори дисциплинска постапка за играчот кој ќе биде повикан на разговор, а тој заедно со Фудбалската федерација на Тахити до 15 август имаат обврска да поднесат извештај и да се обидат да докажат дека се било чисто.
Аматерската селекција беше хит на турнирот во Бразил која ги собра симпатиите на домашните навивачи, а по вкупниот негативен резултат од 24:1 кој го оствари на три натпревари сега се соочува со поголем срам.