Спорт на хемија

На неколку недели пред Олимпијадата и неколку недели во хајката против Ленс Армстронг дека некогаш имал недозволени средства во крвта (ало, човекот беше на хемотерапија), краток преглед на некои од оправдувања на спортистите фатени на допинг.

Обвинет спортист: Лидерот на Тур Де Франс 2012-та, Бредли Винингс, за кој сите веруваат дека најмногу нешто што земал е Витамин Це.

Негирање: Ебани држкаџии... само си ја оправдуваат сопствената безрбетност бидејќи не можат да замислат да се испотат и сами да завршат било што во нивниот живот. Лесно им е под псевдоним да пишуваат на Твитер и да пишуваат секакви срања, наместо да го мрднат газот и да си потрудат и напорно да работат и да постигнат нешто.

Креативност: 10 од 10
Колку држи вода: 10 од 10

 

Обвинет спортист: Францускиот тенисер Ришар Гаске, кој беше позитивен на кокаин, па потоа беше ослободен од какви било обвинувања.

Негирање: Бев со девојка во еден ноќен клуб и веројатно таа имаше кокаин во нејзината уста.

Креативност: 7 од 10
Колку држи вода: 9 од 10

 

Обвинет спортист: Спринтерот ЛаШон Мерит, кој го освои златото на 400 метри во Пекинг, ама беше суспендиран за допинг во 2010-та, откако земал средства за подобрување на потенцијата.

Негирање: Земав средства за подобрување на машката потенција.

Креативност: 6 од 10
Колку држи вода: 8 од 10

 

Обвинет спортист: Австралискиот спринтер Дин Капобијанко, кој во 1996-6а беше позитивен на стероиди.

Негирање: Јадев премногу црвено месо, кое веројатно беше загадено со стероиди.

Креативност: 5 од 10
Колку држи вода: 6 од 10

 

Обвинет спортист: Австралискиот фудбалер, Марк Боснич кој во 2002-ра беше позитивен на кокаин.

Негирање: Девојка во еден клуб во Лондон ми го истури во пијалак.

Креативност: 5 од 10
Колку држи вода: 4 од 10.

 

Обвинет спортист: Бери Бондс, кој го држи рекордот за хоум-ран удари во американскиот бејзбол. Неговиот рекорд е поматен од неговото признание дека "без знаење" земал стероиди.

Негирање: Мојот личен тренер ми даваше масло од лен.

Креативност: 4 од 10
Колку држи вода: 2 од 10

 

Обвинет спортист: Крикет играчот Шејн Верн, сегашниот партнер на Лиз Харли, кој заврши позитивен на еден забранет диуретик.

Негирање: Мајка ми ми го даде.

Креативност: 6 од 10
Колку држи вода: 1 од 10

 

Обвинет спортист: Женската фудбалска репрезентација на Северна Кореја, која беше позитивна на стероиди на Светското фудбалско првенство за жени во Германија во 2011-та.

Негирање: Користевме стероиди за да закрепнеме од удар од гром.

Креативност: 10 од 10
Колку држи вода: 0 од 10

10 јули 2012 - 13:03