Пред неколку денови пишувавме за големиот допинг скандал кој ја тресе Шпанија и може да ја оцрни нивната доминација во сите спортови и веќе почнаа да излегуваат на виделина нови скандали.
Поранешниот претседател на Реал Сосиедад, Инаки Бадиола во интервју за шпанскиот весник AS изјави дека клупските доктори со години купувале недозволени средства.
Во 2008-та година докторите Едуардо Ескобар и Антон Горочатеги биле отпуштени затоа што новото раководство на чело со Бадиола открило дека во изминатите 6 сезони биле исплаќани финансиски средства за лекови и супстанци кои во тоа време биле забранети.
Тоа значи дека фудбалерите на Сосиедад биле допингувани и во сезоната 2002/03 кога во скоро цела година беа на лидерската позиција, но титулата ја испуштија во последните 3 кола и на крајот заостанаа зад Реал Мадрид со 2 поени, а целата сезона не беа поразени на домашен терен.
Оваа сезона Реал Сосиедад ги имаше вториот стрелец во лигата Нихат Кавечи со 23 гола, а зад него беше Дарко Ковачевиќ со 20 погодоци. За тимот од Сан Себастијан тогаш играа и Чаби Алонсо, Аранзабал, Хохлов, Карпин, Баркеро, Аранбуру...