Речиси една десетина од Олимпијците користат забранети супстанци, а само 10% од овие се откриваат, тврди поранешниот директор на Светската анти-допинг агенција, Дик Паунд.
"Нема да ги фатите луѓето кои однапред се подготвуваат и кои користеле допинг и пред Олимпијадата во Лондон. Ако ве фатат, тогаш сте паднале на два теста - на допинг тестот и на IQ тестот. Агенцијата постојано е еден чекор зад спортистите и новите дроги," објаснува Паунд.
По него прилично е амбициозно да се каже дека Лондон 2012-та е чиста Олимпијада.
"Има допинзи што ги користат за кои уште не знаеме, и треба допрва да работиме за да ги откриеме и да ги најдеме нивните мрежи на дистрибуција," порачува Паунд.
По него главен проблем е што за спортските организации премногу е компликувано и скапо постојано да ги бркаат прекршителите, плус треба да се справат со корупцијата во сопствените редови.