Таг: доналд трамп

Медиуми прекинете со кенкање и фатете се со работа

Не додржувајќи во цивилен живот, во понеделникот Џон Стујарт пак се појави кај Колбер во емисија, втор пат откако Трамп е претседател. Тема пак му беше Трамп, за потоа да сврти на медиумите што го покриваат Трамп.

Koга Трамп би пишувал рецензии за номинираните за Оскар

Малку личат на твитови, но Трамп каков што го дал Господ сигурно не би трошел ни збор повеќе од наведеново за истовремено да го раскаже и оцени секој од филмовите (кои и онака не ги гледал). Тажно!

Трамп има потрошено повеќе време на голф, отколку на разузнавачки брифинзи

Иако од медиумската истоштеност изгледа како да трае колку прва третина од турско ропство, на 22-ри февруари се исполнија (само) 744 часа откако Трамп даде заклетва за претседател на САД. Вашингтон пост направи пресметка каде Трамп го потрошил времето во првиот месец.

Мајкл Мур: Направете ги овие 10 работи и Трамп е готов

Мајкл Мур состави упатство во 10 точки за реметење на мандатот на новиот претседател. Убеден е дека ако граѓанскиот отпор одигра мрежно и упорно, Доналд Трамп нема долго да трае.  

Американците бараат нивно СЈО

Откако разузнавачките служби испорачаа материјали според кои спроведена е тајна руска операција чија цел е да Трамп да биде избран за претседател на САД, сега има сомнеж дека американските власти имаат капацитет да спроведат независна истрага околу наодите.

Изгубени во Трампот

Тој е толку пресамоуверен, а логички неубедлив што со пријателите преведувачи се шегуваме дека ако ги преведуваме неговите зборови како што се, едноставно ќе звучиме како да сме глупи, објаснува преведувачката и универзитетска професорка по преведување, Чикако Цурута.

Сите книги чија продажба скокна заради Доналд Трамп

Не е само Орвеловата „1984“ таа што почна да се продава ко алва откако САД добија нов претседател. Збунетите и гневните се свртија и кон други книги за во нив да најдат објаснување на она што се случува. Притоа, на прво место избива една која до сега беше малку подзаборавена. 

Не е важна оставката на Флин, важно е кој му кажал да се чуе со Русите

Мајкл Флин е американскиот генерал со три ѕвезди што пред неколку дена беше сменет од позицијата советник за национална безбедност на Трамп поради неговите телефонски разговори со рускиот амбасадор во Вашингтон. Според магазинот Политико, американски генерал не се слуша по своја волја со руски амбасадор.

Мајсторијата на советничката на Трамп

Келиен Конвеј веројатно е единствениот човек од новата американска администрација што предизвикува поголема алергиска реакција кај медиумите од самиот Трамп.

Трудо му го сконта илето на Трамп

Новиот претседател на САД има многу бизарен начин на ракување кој се вклопува во неговиот профил на сировина и егоманијак кој на секој начин сака да се покаже како алфа мажјак. Но, налета на младото и силно шилеже од Канада, Џастин Трудо. 

24 минути Џон Оливер за Доналд Трамп

Емисијата на Џон Оливер трае 30 минути, 23:49 од овие 30 беа посветени на новиот американски претседател, што до некаде е разбирливо ако се им предвид дека му го собира уште од пред изборите бидејќи минатата сезона му заврши на 13-ти ноември, една недела пред изборите. Почна 4-та сезона.

Мистериозното исчезнување на најголемиот скандал во Вашингтон

Луѓето што без навивање го следеа Трамп за време на кампањата забележаа дека тоа што човекот масовно произведува скандали оди само во негова корист, затоа што никој не може да го пофати што излажал, а што не. Не дека тоа што станал претседател сменило нешто кај него, намерно или ненамерно.

Важно се апси

Минатата недела во САД уапсени се стотици нелегални имигранти во серија рации што надлежните за имиграција ги спроведоа низ 6 сојузни држави.

Предупредување од филозофот што пред 20 години го предвиде Трамп

Откако на Америка и се случи Трамп, полека почна да се шири и популаризира еден цитат откорнат од книга од 1998, со наслов Achieving our Country. Освен што го предвиде доаѓањето на Трамп, авторот има уште неколку предупредувања за левицата кои се уште не стигнале да станат инспиративна слика со текст, за некој сериозно да ги сфати.

Како да изградиш автократија

2021 година, претседателот Доналд Трамп за кратко ќе даде заклетва за својот втор мандат. 45-от претседател е видно остарен во последните 4 години. Тој силно се потпира на раката на својата ќерка Иванка за време на неговите ретки појавувања во јавноста.

Импичмент на Трамп затоа што Путин ја нападна Кореја?

Таман се навикнавме на идејата за необразованиот сиромашен американски белец и неговата неинформираност, кои доведоа до изборот на Трамп и слични глобални зла, и ќе ти излезе образована, богата, повеќекратна конгресменка, црнкиња, и ќе ти каже - треба импичмент на Трамп затоа што Путин ја нападна Кореја.

СНЛ скечот што ја раздрма Белата куќа

По речиси 20 дена непрестанати битки со медиумите портпаролот на американскиот претседател, Шон Спајсер, завршил на пеглање кај шефот за тоа како бил исмеан во еден скеч на Сатурдеј најт лајв во кој беше глумен од Мелиса Меккарти.

Белата куќа како Фаличниот пансион

Доналд Дамб немал време да го прочита целиот извештај на неговиот наци-советник Стив Бенон пред да го послуша и да ги воведе рестрикциите за влез во земјата, но немал проблем натенане да прочита каталог од 17 страници за завеси, драперии и други битности.

Извршни наредби за вас прекрасни луѓе

Откако Трамп седна во Белата куќа, главна играчка му станаа извршните наредби, форма со која тој може да нареди што било, без за тоа да треба да се објаснува со кого било. Со ваква погодност на располагање, можностите се бескрајни. Да не се чувствувате запоставени, Трамп ќе ја потпише која било наредба што ќе ви текне.

Паниката околу мобилниот на Трамп

Пред некое време пишувавме дека од ноември годинава во пакет со позицијата Претседател на САД, заедно со Белата куќа и нуклеарните шифри доаѓа и непробоен (за хакирање) Андроид изработен од Боинг, а дополнително обезбеден од американската војска. На сметка на огромна нервоза на секоја можна безбедносна структура во САД Трамп одлучи да продолжи да го користи својот Самсунг смартфон.

Рон Пол најавува финансиска апокалипса

„Трамп ќе биде неправедно обвинет за катастрофата“ вели гуруто на американските либертаријанци Рон Пол кој предупредува дека САД и светот се пред уште една, досега најголема финансиска криза која е имплантирана уште во претходната.

Авторите на Саут Парк: „Сатирата стана реалност“

Мат Паркер и Треј Стоун велат дека новата американска администрација ќе биде тешка за заебавање. Причина - тие веќе се доволно комични. А сепак и толку реални.

Сите идни извршни наредби на Трамп

Кога Џон Стујарт се расправаше со Трамп, актуелниот претседател се уште беше само ТВ кловн со многу пари. Сега кога првиот се пензионираше, а вториот го почна својот последен професионален ангажман. Ама не се додржува во пензија.