Koга Трамп би пишувал рецензии за номинираните за Оскар

Малку личат на твитови, но Трамп каков што го дал Господ сигурно не би трошел ни збор повеќе од наведеново за истовремено да го раскаже и оцени секој од филмовите (кои и онака не ги гледал). Тажно!

„Манчестер покрај море“

Еден губитник се враќа дома, во Масачусетс на Покахонтас Ворен (демократ-сенаторка од оваа држава), откако си ја запалил куќата. Вистински ѓубре! Тажно!

„Пристигнување“

Вонземјани илегално пристигнуваат во Америка, а една гадна ја прокоцкува шансата да ги уништи. Тажно!

„Ла Ла Ленд“

Двајца припадници на холивудската либерална елита тотално ја утнуваат работата. Рајан (Долга Фаца) Гослинг не е многу згоден. Требаше само да ја грабне Ема Стоун и да почне да ја лапа. Тажно!

„Огради“

Само дрн дрн, без акција. Тажно!

„Лав“

Дејв Пател (Лошо момче? Веројатно!) се враќа во својата земја и не останува таму. Никол Кидман, некогаш згодна, носи грозна перика. Тажно!

„Скриени цифри“

Овој филм е приказна за некои Афро-Американци кои можеле да избегаат од гетата и да работат за прекумерно финансираната НАСА. ЛАЖНИ ВЕСТИ! Тажно!

„Хоксоу Риџ“

Мел Гибсон е огромен талент и уште подобар сопруг! Сите хејтери и лузери треба да го заборават сето она што тој го кажа на лентата. Мел никогаш не тврдеше дека е совршен! Дај олабавте! Тажно!

„Хел ор хај вотер“

Двајца реални Американци им ограбуваат банки додека го уживаат своето право согласно Вториот амандман. Работите стануваат лоши кога тие забораваат дека #СинитеЖивотиЗначат. Tажно!

„Месечева светлина“

Потполна катастрофа.

Извор: Њујоркер

Бонус: Мапи на омилени филмови номинирани за Оскар во државите кои гласале за Трамп

25 февруари 2017 - 10:10