Паралелно со јуначењето на Макрон со изјави дека ќе испраќа француски војници во Украина, Франција полека стана најголемиот увозник на руски гас во Европа. Само годинава земјата и има платено на Русија 600 милиони евра за природен гас.
Само Северна Кореја многу поуспешно ги пополни руските залихи со артилериска муниција, отколку што сите неспоредливо побогати и поиндустријализирани членки на Европската унија успеаа да и се најдат на Украина во однос на клучната муниција на фронтот.
Рускиот претседател му подарил луксузна претседателска лимузина Аурус од руско производство на Ким Џонг Ун, бидејќи севернокорејскиот лидер го бендисал возилото кога беше во посета на Русија.
Како што најави, во 18 часот по американско источно време Такер го објави интервјуто со рускиот претседател снимано само два дена претходно во Москва. Интервјуто трае околу 2 часа, и до сега само на Твитер погледнато е 65 милиони пати. Премиерата на интервјуто беше на ТЦН мрежата на Такер.
Деновиве се појави слика од Такер Карлсон како седи во театар и гледа претстава околу која се вознемири комплетната американска медиумска фела. Причина за паниката е што театарот е Бољшој, сред Москва, а Такер веќе се товари за предавство затоа што како новинар можно е да разговара со Путин.
Четири години по набавката САД и понатаму е упорен дека Турција треба да се откаже од рускиот С-400, а стимул за тоа е дека Вашингтон ќе се прави како ништо да не било и пак ќе ги вклучи Турците во Ф-35 програмата.
Централата на Даноне во Франција летово изненадно почнува да добива телефонски повици од своите вработени во Русија откако пред нивните канцеларии се појавува група Чеченци поврзани со Рамзан Кадиров. Во тоа време француската компанија ги привршува договорите да биде продадена, но не на Чеченците.
Две лиги ќе добијат дополнителни места во Лига на шампиони следната сезона како дел од проширувањето. Со моменталната состојба тоа би биле Италија и Германија. Дежурните критичари на Серија А на апарати.
Откако цел месец го немаше никаде во јавност, кинеската влада кон крајот на јули објави дека го сменила министерот за надворешни работи Чин Ганг. Ова најверојатно се случило по информација што Москва му ја праќа на Пекинг.
Рускиот претседател ги повика Русинките да имаат осум или повеќе деца и да направат големите семејства да бидат новиот стандард, откако земјата повеќе од 30 години, од почетокот на 1990-те, константно има пад на популацијата.
Џон Мершајмер го расклопува доминантниот западен наратив дека Путин и Русија во војната влегуваат со намера да ја освојат цела Украина, а потоа да продолжат со остатокот од Европа. Како што ќе објасни професорот, Германија тргна да ја освојува западна Полска со 1,5 милиони војници, што ќе направи Путин со неполни 200.000 против цела Украина?
Како што рускиот претседател се подготвува за втората годишнина од неговата војна против Украина, неговата самодоверба е тешко да се заобиколи, пишува во есејот за Вол стрит журнал поранешниот разузнавачки офицер од Националниот разузнавачки совет задолжен за Русија, Јуџин Румер.
По неколку успешни месеци спроведување на ограничувањето на цената на руската нафта, сега сите од ЈПМорган до Светска банка се помирени дека санкциите на руска нафта веќе не функционираат, сето тоа поткрепено со бројки кои покажуваат намалување на рускиот буџетски дефицит.
Возило со жена, 12-годишно девојче и мачка во транспортер во јули 2022 од Естонија влегуваат во Русија. Според досега необјавено сведоштво што го пренесува Вашингтон пост, во транспортерот освен мачка има скриено и непознато количество експлозив. Истиот овој експлозив на 20 август 2022 требаше да биде искористен за убивање на Александар Дугин. Наместо него, беше убиена ќерка му, Дарја.
Трговски центар во нешто што се нарекува Централна Русија, во градот Ижевск, ќе биде третиот таков објект во земјата што изминатава година е пренаменет во фабрика за дронови.
Илон Маск известил функционери од Пентагон дека телефонски лично разговарал со рускиот претседател, по почетокот на руската инвазија во време кога неговиот Старлинк сателитски интернет беше масовно распоредуван низ Украина.
Додека низ Украина се разгоруваше војната, Русите успеале да додадат 600 милијарди долари на своето вкупно богатство, додека САД и Европа изгубија илјадници милијарди долари, тврди швајцарската УБС во својот годишен Извештај за глобално богатство.
Утрото на 24 јуни кога Ростов веќе падна под управа на Пригожин и неговите борци, во Москва Путин бил парализиран и не можел да делува, ги пренесува Вашингтон пост изјавите на украински и останати европски безбедносни функционери. Како поткрепа за тврдењето тие наведуваат дека во најголемиот дел од денот не биле издадени никаква наредби.
За САД станува се потешко да ја санкционира иранската индустрија за дронови, бидејќи Техеран почнал да се потпира се повеќе на домашни компании за изработка на леталата што и ги испраќа на Русија.
Еден од замениците на Герасимов на украинскиот фронт, а едно време и главен руски командант на целосната специјална операција, генерал Сергеј Суровикин е уапсен од руските власти заради соработка со Пригожин.
На вториот работен ден по обидот за вооружен преврат на цела или дел од руската влада, руските власти објавија дека се откажуваат од сите кривични обвиненија против лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин.
И покрај целата болка што ја предизвикуваат санкциите против Русија, вродената мана на кои било санкции е што овозможуваат сите пари на една земја да останат во земјата наместо да се исцедат од неа.
На мировните преговори одржани во Истанбул пролетта 2022 било договорено и потпишано примирје меѓу Русија и Украина, но во моментот кога Русите се повлекле од Киев, Украинците се откажале од договорот, изјави рускиот претседател на состанокот со африканските лидери во Санкт Петерсбург.
Наместо досегашното продавање на купувачот со најдобра понуда, западните компании што ќе сакаат да го напуштат рускиот пазар во иднина ќе можат да бидат купени од руската држава по повластена цена одредена од државата.
На руските сили што се борат во Украина им недостасуваат доволно напредни оружја и покрај тројното зголемување на производството, изјавил рускиот претседател за време на средба со новинари и блогери.