На состанокот тој изјавил дека Русија има изгубено 54 тенкови откако Украина тргна во офанзива на крајот од минатата недела.
„Стана јасно дека ни фалат многу работи (високо) прецизна муниција, комуникации, дронови. Ги имаме ама ни фалат количини,“ изјавил Путин.
За сега украинската контраофанзива се уште е во фаза на тестирање на одбранбените линии што Русите ги градеа цела зима, и имаат освоено само неколку села.
Путин тврди дека руските сили нанеле „катастрофални“ загуби на украинската војска, а процената на Блумберг е дека за време на средбата Путин не дал никакви индикации дека е подготвен да преговара.